Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започни ОдновоПримерок

Begin Again

3 ДЕН ОД 7

Искуства од Патувањето накај Дамаск



Конверзијата на Савле на патот до Дамаск е прераскажана многу пати, и претставува симбол за конверзија – за оние кои биле допрени од милоста на Светиот Дух и започнале одново. Животот на Павле беше променет кога започна да верува во Исус. Присети се дека Павле беше именуван како Савле. Да не се збуниш од овие две имиња.



Во Дела 9:1-2 следбениците на Христос биле нарекувани луѓето “на патот” бидејки Христијаните тврдат дека верата во Исус е “единствениот пат” до спасението (Читај Јован 14:6). Павле бил горд еврејски религиозен водач и не сакал да признае дека неговата религија е погрешна.



Савле тргна на пат за Дамаск со намера за смрт во неговото срце – да ги прогонува оние кои се следбеници “на патот”. На патот во Дамаск, Савле се соочи со ослепувачка светлина, посветла од дневната светлина на сонцето, и слушна глас кој му кажа: "Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?" (Дела 9:4). Кога праша кој е тој што му зборува, гласот му одговори, "Јас сум Исус, оној кој го прогонуваш. Сега стани и оди во градот, и ќе ти биде објавено што треба да направиш." (Дела 9:5-6).



Ананија не беше убеден дека Савле може да стане верник во Исус. Во 11 стих, Господ му кажа на Ананија дека кога ќе го види Савле како се моли, тоа ќе послужи како доказ дека е променет.



Савле беше слеп! Бог го понизи Савле за да може да разбере колку очајно имал потреба од Исус. Кога некоја личност станува очајна, тогаш Исус се приближува. Според Дела 9:19-22 Савле доживеал пресврт од 180 степени во неговиот живот, радикална промена.



Ова е описот на Павле за тоа што го доживеал — и за сите нас кои веруваме во Христос – Читајте 2 Коринтијаните 5:17. Не многу од нас имаме драматични искуства како Савле што имаше “на Патот за Дамаск”, но секој од нас треба да може да каже: “Мојот живот е променет откако го запознав Исус Христос.” Дали можеш да го кажеш тоа? Дали можеш да споделиш искуство од некое време кога Бог те направил понизен со цел да те доближи до Него?



Во тој момент на страв, каење и просветлување, Савле разбра дека Исус е вистинскиот Месија, и дека згрешил што убивал и притворал невини луѓе. Савле разбрал дека и покрај претходните верувања како Фарисеј, сега ја спознал Божјата вистина и бил задолжен за послушност према Бог.



Во тој момент Савле постанал вистински, неповратно, нов човек. Тој беше наново роден, и одбра да го одбележи тој момент на трансформација со тоа што си го промени и своето еврејско име од Савле во Павле – за да започне одново.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Begin Again

Нова Година. Нов Ден. Бог ги створил овие транзиции за да нѐ потсетуваат дека Тој е Богот на Новите Почетоци. Доколку Бог може да го создаде светот, сигурно може да те избави од животната темнина и да те обнови и спреми ...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Г-дин Борис Жоакин, Претседател и Шеф на одделот за Снабдување во консултантската куќа Брејктру Лидершип Менаџмент. Тој е професионален тренер и високо-рангиран говорник во програмите за водачи и останати вештини во Филипини. Заедно со неговата сопруга Мишел Жоакин допринесоа со овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.theprojectpurpose.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност