Псалми 94
94
ПСАЛМ 94
Прославување на Создателот и Спасителот
1 #
5 Мојс 32,15
Пофална песна на Давид.
Дојдете да Му се израдуваме на Господа,
да Му воскликнеме на Бога, Спасителот наш;
2 #
99,4
да го пресретнеме лицето Негово со славословие
и со песни да Му воскликнеме.
3 #
5,2; 46,2; 76,13; 95,4-5; 96,9; 135,2-3; 144,1; Јов 36,22; Дан 2,47 Зашто Господ е Бог велик
и Цар велик над сите богови;
4зашто во раката Негова се краиштата на земјата,
и височините горски се Негови.
5 #
23,1-2
Зашто Негово е морето, и Тој го создаде,
и Неговите раце копното го обликуваа.
6Дојдете да Му се поклониме,
и да паднеме пред Него
и да плачеме пред Господа,
Кој нас нѐ создаде.
7 #
22,1-4; 78,13; Ер 23,1 Зашто Тој е нашиот Бог,
и ние сме народ од пасиштето Негово
и овци од рацете Негови.
Денес, ако гласот Негов го чуете,
8 #
80,8; 77,8.37; 2 Мојс 17,1-7; 18,4; 4 Мојс 14,22; 19,1-12; 5 Мојс 6,16; 32,8; Евр 3,7-11 не закоравувајте ги срцата ваши како во времето на огорчувањето –
во денот на искушувањето во пустината,
9каде што Ме искушаа татковците ваши,
Ме испитаа и ги видоа делата Мои.
10 #
5 Мојс 32,5.20; Јов 21,14 Четириесет години негодував на тоа поколение и реков:
„Секогаш се заблудуваат во срцето
и патиштата Мои не ги познаа“;
11 #
131,8.14; 4 Мојс 14,30.34; 5 Мојс 12,9 па така, се заколнав во гневот Свој:
„Нема да влезат во покојот Мој“.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 94: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024