Псалми 84
84
ПСАЛМ 84
Молитва за обновување на народот
1За крајот. Псалм за Кореевите синови.
2 #
52,6
Ти омиле, Господи, земјата Твоја;
ги врати назад заробениците Јаковови.
3Му ги прости беззаконијата на народот Твој,
ги покри сите гревови нивни.
4 #
77,38
Го стивна сиот гнев Свој,
се одврати од гневот на јароста Твоја.
5 #
79,3
Врати нѐ нас, Боже на спасенијата наши,
и одврати ја јароста Своја од нас.
6 #
78,5
Зар довека ќе се гневиш на нас
или ќе го простреш гневот Свој од поколение во поколение?
7 #
Ис 43,4; 48,13-14; 53,6-7 Боже, штом ќе се завртиш, ќе нѐ оживееш
и народот Твој ќе Ти се зарадува.
8Покажи ни ја, Господи, милоста Твоја
и спасението Твое дај ни го.
9Ќе слушам што ќе говори во мене Господ Бог,
зашто ќе говори за мир на народот Свој,
и на светите Свои и на оние што срцето го обраќаат кон Него.
10 #
2 Мојс 24,16; Ез 11,23; 42,2; Јн 1,14 Но спасението Негово е блиску до оние што се бојат од Него,
за да ја насели славата во земјата наша.
11 #
88,14; 96,2 Милоста и вистината се сретнаа,
правдата и мирот се бакнаа.
12 #
Ис 45,8
Вистината изгреа од земјата
и правдата од небото погледна.
13 #
66,6; Ис 58,8; Зах 8,12 Зашто Господ ќе даде добрини
и земјата наша ќе го даде плодот свој.
14Праведноста ќе оди пред Него
и Неговите стапки ќе ги постави на пат.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 84: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024