Псалми 78
78
ПСАЛМ 78
Плач поради разорувањето на Ерусалим
1 #
4 Цар 25,9-10; Плач 1,10 #
Ис 17,1; 24,2; Ер 26,18; Мих 1,6; 3,11 Псалм на Асаф.
Боже, дојдоа незнабошците во наследството Твое,
го осквернија светиот храм Твој,
го направија Ерусалим како кошара за зеленчук.
2 #
79,12-13; Ер 7,33; 18,6 Мртвите тела на слугите Твои ги поставија за храна на птиците небесни,
месото на светиите Твои – на ѕверовите земни;
3 #
Ер 14,16; Соф 1,17; 1 Мак 7,17 ја пролеаја крвта нивна како вода околу Ерусалим
и немаше кој да погребува.
4 #
43,13-14; 79,6; 5 Мојс 28,37; 3 Цар 9,7; Ер 24,9; 48,26; Ез 14,8; Соф 2,8 Станавме за подбив на соседите наши,
потсмев и срам за оние околу нас.
5 #
43,23; 73,1; 88,46; 5 Мојс 4,24 До кога, Господи, докрај ќе се гневиш
и како оган ќе се распалува ревноста Твоја?
6 #
13,4; Ер 10,25; Сир 36,1-5; 1 Сол 4,5 Излеј го гневот Свој на незнабошците кои не Те знаат
и на царствата што името Твое не го повикаа;
7 #
Ер 50,7
зашто го изедоа Јакова
и местото негово го запустија.
8 #
141,6
Не спомнувај ги нашите стари беззаконија;
брзо нека нѐ пресретнат милостите Твои, Господи,
зашто осиромашивме многу.
9 #
2 Мојс 32,12; Ез 20,44; 36,21 Помогни ни, Боже, Спасителу наш;
заради славата на името Твое, Господи, избави нѐ;
и очисти ги гревовите наши заради името Твое,
10 #
41,3; 101,20; 114,2; 125,2; 5 Мојс 32,43; Јоил 2,17; 3,20; Јов 16,18 да не речат некогаш народите: „Каде е нивниот Бог?“
И пред нашите очи нека се обзнани меѓу народите
осветата за пролеаната крв на слугите Твои.
11Пред Тебе нека стигне воздишката на окованите;
со силата на мишката Твоја сочувај ги синовите на убиените.
12 #
88,50
Прекорот, со кој Те прекоруваа, Господи,
возврати им го на нашите соседи седумкратно во пазувите нивни.
13 #
73,1; 79,1; 94,7; 99,3; Ер 23,1; Ез 34,31 А ние, народот Твој и овците од пасиштето Твое,
ќе Те славиме довека,
од поколение во поколение ќе ја објавуваме пофалбата Твоја.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 78: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024