Псалми 73
73
ПСАЛМ 73
Молитва за помош
1За поучување, на Асаф.
Зошто, Боже, сосема нѐ отфрли?
Зошто јароста Твоја се разгневи на овците од пасиштето Твое?
2 #
2 Мојс 15,17; 5 Мојс 7,6; Ис 63,17; Ер 10,16 Спомни си за соборот Твој, што го стекна од почетокот,
го избави жезолот на наследството Твое,
оваа гора Сион, на која си се населил.
3 #
Ис 51,19
Крени ги рацете Твои против нивната крајна горделивост,
против злодејствата на непријателот во светињите Твои.
4И се фалеа среде Твојот празник оние што Те мразат,
ги поставија знаменијата свои како знаци и не познаа.
5Како тие на горниот излез,
6како дрвја во шума ги исекоа со секири вратите негови,
со бојна секира и токмак едновремено го разрушија.
7 #
4 Цар 25,9; Ис 64,10 Го запалија со оган Светилиштето Твое,
на земјата го осквернија живеалиштето на името Твое.
8Нивните роднини заедно рекоа во срцето свое:
„Дојдете, да ги поништиме сите празници Божји на земјата“.
9 #
76,8; Ез 7,26; Плач 2,9 Знаците нивни не ги видовме,
пророк веќе нема и не ќе нѐ познае веќе.
10 #
6,3; 88,46 До кога, Боже, ќе навредува непријателот,
до кога сосема ќе го дразни името Твое?
11 #
Ис 52,10
Зошто ја одвраќаш докрај раката Твоја
и Својата десница отсреде пазувата Твоја?
12А Бог е Цар наш пред вековите,
Тој изврши спасение среде земјата.
13 #
88,9-10; Ис 51,9-10; Јов 7,12 Ти, со својата сила, го утврди морето,
Ти ги разби главите на змејовите во водата.
14 #
Јов 3,8
Ти ги здроби главите на змејот,
им го даде за храна на народите етиопски.
15 #
2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; Ис.Н. 3 Ти отвори извори и потоци,
Ти ги исуши реките итамски.
16Твој е денот и Твоја е ноќта,
Ти ги устрои светлината и сонцето.
17Ти ги создаде сите предели земни,
летото и пролетта Ти ги вообличи.
18Сети се на ова: непријателот Го навреди Господа
и народот безумен го раздразни името Твое.
19Не предавај ја на ѕверовите душата што Те исповеда Тебе,
душите на бедните Твои не заборавај ги докрај.
20Погледни на заветот Свој,
зашто мрачните места на земјата се исполнија со домови на беззаконие.
21Понизниот и посрамениот да не биде одвратен,
сиромавиот и бедниот ќе го фалат името Твое.
22Воскресни, Боже, Својот спор суди го;
сети се на навредувањата кои постојано безумникот ги прави кон Тебе.
23Не заборавај го гласот на оние што Те молат;
горделивоста на оние што Те мразат се издигна засекогаш пред Тебе.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 73: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024