Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Псалми 71

71
ПСАЛМ 71
Похвала за големиот Цар и за Неговото владеење
1 # 88,14; Ер 23,5 За Соломон.
Боже, Својот суд дај му го на царот
и правдата Твоја на царевиот син,
2за да му суди на народот Твој во правда
и на сиромавите Твои со суд праведен.
3 # Ис 45,8; 51,5; 54,11; Соф 2,3 Нека примат горите мир за народот Твој
и ридовите – праведност.
4Тој ќе им суди на сиромавите меѓу народот
и ќе ги спаси синовите на бедните,
а клеветникот ќе го понижи
5 # 60,7; 88,37; 2 Цар 7,13-14; Ер 31,35; 32,20 и ќе сопостои со сонцето
и пред месечината од поколение во поколение.
6 # Ис 45,8; Ос 6,3 Ќе слезе како роса на руно
и како капки што капат по земјата.
7 # 36,11 Во неговите денови ќе изгрее праведност и изобилство на мир,
сѐ додека месечината не исчезне.
8 # Зах 9,10; Сир 44,21 И ќе господари од море до море
и од реката до краиштата на вселената.
9Пред него ќе паднат Етиопјаните
и непријателите негови прав ќе лижат.
10 # 3 Цар 10,1 Царевите Тарсиски и островите дарови ќе принесат,
царевите Арапски и Савски дарови ќе донесат.
11И ќе Му се поклонат сите цареви земни,
сите народи Нему ќе Му служат.
12 # Јов 29,12 Зашто го избави сиромавиот од раката на моќникот
и бедниот што немаше помошник.
13Ќе ги поштеди сиромавиот и бедниот
и душите на бедните ќе ги спаси.
14 # 115,6 Од лихва и неправда ќе ги избави душите нивни
и ќе биде името Негово пред нив.
15И ќе живее, и ќе Му се даде од златото Арабиско
и тие ќе се молат за Него секогаш,
по цел ден ќе Го благословуваат.
16 # Ос 14,6-9; Амос 9,13 Крепост ќе биде на земјата од врвовите горски;
плодот Негов ќе се вознесе повеќе од Ливан
и тие од градот ќе процветаат како трева од земјата.
17 # 1 Мојс 12,3 Неговото име ќе биде благословено во вековите,
пред сонцето ќе постои името Негово;
и во Него ќе бидат благословени сите племиња земни,
сите народи ќе Го нарекуваат блажен.
18Благословен е Господ Бог Израилев,
единствениот Кој прави чудеса.
19 # Авак 3,3 И благословено е името на славата Негова довека и во вечни векови,
и ќе се исполни со славата Негова целата земја.
Нека биде така. Амин!
20Завршија химните на Давид, синот Јесеев.

Iliyochaguliwa sasa

Псалми 71: MAK2024PS

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia