Псалми 62
62
ПСАЛМ 62
Копнеж за заедништво со Бога
1 #
1 Цар 22–24
Псалм на Давид, кога беше во Јудејската Пустина.
2 #
35,7-9; 41,1-2; 142,6 Боже, Боже мој, кон Тебе подранувам.
Ожедни за Тебе душата моја,
колкупати за Тебе копнееше телото мое,
во земја пуста, непроодна и безводна.
3Така се појавив пред Тебе во Светињата,
за да ја видам силата Твоја и славата Твоја.
4Зашто милоста Твоја е подобра од животите;
устата моја ќе Те фали.
5 #
144,2; 118,48 Така ќе Те благословувам во животот мој
и во името Твое ќе ги подигам рацете мои.
6 #
35,8
Чиниш со маст и сало се насити душата моја
и со усни радосни ќе Те фали устата моја.
7Кога и да се сетев на Тебе во постелата своја,
во мугрите за Тебе размислував.
8 #
16,8
Зашто Ти стана помошник мој
и под покровот на крилјата Твои ќе се зарадувам.
9 #
5 Мојс 13,4
Се прилепи душата моја за Тебе,
а мене ме прифати десницата Твоја.
10Тие залудно ја бараа душата моја;
ќе слезат во длабините земни,
11 #
20,1; 63,10 ќе бидат предадени на остриците од мечот,
ќе станат плен на лисиците.
12А царот ќе се зарадува во Бога,
ќе се фали секој што во Него се колне;
зашто се затвори устата на оние што зборуваат неправедно.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 62: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024