Псалми 55
55
ПСАЛМ 55
Молитва за утеха
1 #
1 Цар 21,9-11
За крајот, за народот оддалечен од светињите; на Давид,
за натпис на столб, кога го фатија другоплеменици во Гет.
2Помилуј ме, Боже, зашто човек ме згазна,
по цел ден борејќи се, ме притисна.
3Непријателите мои ме газат по цел ден,
зашто многубројни се оние што ме напаѓаат од висина.
4Дење нема да се плашам,
зашто на Тебе ќе се надевам.
5Во Бога ќе ги фалам зборовите мои по цел ден.
На Бога се надевав, нема да се плашам;
што може да ми направи човек?
6По цел ден зборовите мои ги презираа,
сите нивни мисли вперени кон мене се за зло.
7Ќе се населат блиску и ќе се сокријат,
петата моја ќе ја набљудуваат
онака како што ја очекуваа душата моја.
8 #
Ер 18,23
Нема никако да ги спасиш,
со гнев ќе ги собориш народите, Боже.
9 #
4 Цар 20,5; Ис 25,8; Откр 7,17 Животот мој Ти го објавив Тебе,
ги изнесов солзите мои пред Тебе,
Ти ги постави солзите мои пред Тебе,
како и во ветувањето Твое.
10 #
9,3; 117,6-7; 123,1-2 Во кој било ден и да Те повикам,
моите непријатели ќе бидат вратени назад;
ете, познав дека Ти си мој Бог.
11Преку Бога ќе го пофалам зборот,
преку Господа ќе го пофалам словото.
12 #
117,6; Евр 13,6 На Бога се надевав, нема да се плашам;
што може да ми направи човек?
13 #
26,13; 115,9; 3 Мојс 7,11-12; Јов 33,30; Проп 11,7 Во мене се, Боже, молитвите,
кои ќе ги воздадам на Твојата пофалба,
14зашто ја избави душата моја од смрт
и нозете мои од слизнување,
за да благоугодам пред Бога во светлината на живите.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 55: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024