Псалми 49
49
ПСАЛМ 49
Вистинско богослужение
1 #
48,1; 94,3; 96,7; 135,2; 5 Мојс 10,17; 31,1; Ис.Н. 22,22; Ис 1,2; Мих 1,2; 6,1; Дан 2,47 Псалм на Асаф.
Бог над боговите, Господ, говореше
и ја повика земјата од изгревот сончев до запад.
2 #
47,2; Плач 2,15 Од Сион е велелепието на убавината Негова,
Бог јавно ќе дојде,
3 #
17,7-15; 82,1; 2 Мојс 19,16-19; 5 Мојс 32,22; 32,2; Суд 5,4-5; Ис 30,27-28; 63,18; Мих 1,4; Авак 3,3-11; Јов 38,1; 39,5 Нашиот Бог, и нема да премолчи.
Оган пред Него ќе се разгори
и околу Него бура силна.
4Ќе ги повика небото и земјата горе,
за да му суди на народот Свој.
5Соберете Му ги светиите Негови,
кои го воспоставија заветот Негов врз жртвите.
6И небесата ќе ја објават правдата Негова,
зашто Бог е судија.
7 #
80,8
Слушај, народе мој, и ќе ти зборувам;
Израилу, и ќе ти посведочам:
Бог, Бог твој Јас сум.
8Нема за жртвите твои да те карам,
сепалениците твои пред Мене се секогаш.
9Нема да примам од домот твој јунци,
ниту од стадата твои јариња машки.
10Зашто Мои се шумските ѕверови,
стоката во горите и воловите;
11ги знам сите птици небесни
и убавината полска е пред Мене.
12Ако огладнам, нема да ти кажам,
зашто Моја е вселената и сѐ што е во неа.
13Зар ќе јадам меса од бикови
или крв јарешка ќе пијам?
14 #
Ос 14,3; Мт 5,33; Евр 13,15 Принеси Му на Бога пофална жртва
и исполни ги пред Вишниот заветите свои;
15во денот на твојата неволја повикај Ме,
и ќе те избавам и ќе Ме прославиш.
16А на грешникот Бог му рече:
„Зошто зборуваш за законите Мои
и го земаш заветот Мој во устата своја?
17Ти го намрази воспитувањето
и зборовите Мои зад себе ги фрли.
18 #
Рим 2,21-22
Ако видиш крадец, му помагаш
и со прељубникот удел свој имаш;
19устата твоја ја намножи злобата
и јазикот твој исплете лукавство;
20седејќи го клеветеше братот свој
и против синот на мајката своја поставуваше соблазна.
21Тоа го направи, а Јас молчев;
прифати беззаконие, помислувајќи дека Јас ќе ти бидам сличен!
Ќе те разобличам и ќе ги ставам пред лицето твое гревовите твои“.
22 #
Ос 5,14
Разберете го ова, вие што Го заборавате Бога,
да не ве зграби, та да нема кој да ве избави.
23 #
90,16
Со жртва пофална ќе ме прослави
и таму е патот преку кој ќе му го покажам спасението Божјо.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 49: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024