Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Псалми 48

48
ПСАЛМ 48
Привиден е напредокот на безбожниците и нивната безумна надеж во богатството
1За крајот. Псалм за Кореевите синови.
2 # 5 Мојс 32,1; Ис 1,2; Изреки 8,4 Слушнете го ова сите народи,
чујте сите што живеете во светот;
3и земнородните и синовите човечки,
заедно богати и сиромашни.
4Устата моја ќе говори мудрост
и размислата на срцето мое – разумност.
5Ќе го приклонам увото мое кон приказната,
со харфа ќе ја кажам загатката своја.
6Зошто да се плашам во зол ден?
Беззаконието на петицата моја ќе ме окружи.
7 # Ер 9,23; Лк 12,16-21 На оние што се уверени во својата сила
и со нивното големо богатство се фалат:
8 # Јов 33,24; Изреки 11,4 брат не избавува,
човекот ли ќе избави?
Нема да Му даде на Бога
откуп за себе,
9 # Мт 16,26 ни цена за откуп
на душата своја,
10и ќе се намачи довека и ќе живее до крајот;
нема да види пропаст,
кога ќе види мудри што умираат.
11 # 38,6; Проп 2,16; Сир 11,19 Заедно ќе пропаднат неразумниот и безумниот
и своето богатство на туѓинци ќе го остават.
12И гробовите нивни им се куќи довека,
живеалишта нивни од поколение во поколение.
Со сопствените имиња
ги нарекоа земјите свои.
13 # Проп 3,18-21 Но човекот имајќи чест –
не го разбра тоа,
се изедначи со стоката неразумна
и ѝ стана сличен.
14Тој нивен пат е соблазна за нив
и отпосле со устите свои ќе се фалат.
15Како овци се ставени во адот, смртта ги напасува;
и наутро чесните ќе загосподарат со нив
и помошта нивна ќе оветви во адот, од славата нивна.
16 # Ос 13,14 Но Бог ќе ја избави душата моја од рацете на адот,
кога ќе ме прифати.
17Не плаши се кога човек ќе се збогати
и кога ќе се умножи славата на домот негов;
18 # 1 Тим 6,7 зашто кога ќе умре нема да земе ништо,
ниту со него ќе појде славата негова.
19Зашто душата негова во животот негов ќе се благословува;
ќе Те фали кога ќе му направиш добро.
20 # 1 Мојс 15,15; Јов 10,21-22 Ќе отиде до родот на татковците свои,
довека не ќе види светлост.
21Но човекот имајќи чест – не го разбра тоа,
се изедначи со стоката неразумна и ѝ стана сличен.

Iliyochaguliwa sasa

Псалми 48: MAK2024PS

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia