Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Псалми 47

47
ПСАЛМ 47
Радоста на Сион поради Божјата помош и избавување
1Псалм на песната за Кореевите синови; за вториот ден од седмицата.
2 # 95,4 Велик е Господ и мошне фален
во градот на нашиот Бог,
на Својата света гора,
3 # Мт 5,35 добро утврдена,
радост за целата земја.
Горите Сионски, падините северни,
градот на Царот велик.
4 # 9,9; 17,2; 45,7.11; 58,9.16-17; 61,2.6; 143,2 Бог во тврдините негови се познава,
кога него го штити.
5Зашто, ете, царевите земни се собраа,
дојдоа заедно;
6 # 67,12 гледајќи го, многу се восхитија,
се збунија, се потресоа;
7 # 2 Мојс 15,14; Ис 13,8; 20,2; Ер 4,31; 50,43; 1 Сол 5,3; Јн 16,21 трепет ги обзеде,
таму ги снајдоа маки како оние на жена што раѓа.
8Со силен ветер ќе ги скршиш
корабите Тарсиски.
9Како што чувме, така и видовме
во градот на Господ на силите,
во градот на нашиот Бог;
Бог го втемелил довека.
10Ја разбравме, Боже, милоста Твоја
среде Храмот и среде народот Твој.
11 # 112,3; Мал 1,11 Според името Твое, Боже,
е и пофалбата Твоја по краиштата земни;
со правда е полна десницата Твоја.
12 # 96,8 Нека се развесели гората Сион,
нека се зарадуваат ќерките Јудејски,
заради судовите Твои, Господи.
13 # Ис 26,1; 33,20-21 Опколете го Сион и обгрнете го,
разгледајте ги кулите негови,
14 # 77,4; 89,2; 101,27 ставете ги срцата ваши во неговата сила
и проникнете во тврдините негови,
за да му раскажувате на наредното поколение.
15Зашто Овој Бог е Бог наш довека и во вечни векови;
Тој ќе нѐ напасува во вековите.

Iliyochaguliwa sasa

Псалми 47: MAK2024PS

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia