Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

2 Петар 2

2
Треба да се пазиме од лажни и порочни учители
(Јуда 1,4-13)
1 # 5 Мојс 13,1-5; Мт 24,24; Мк 13,21-23; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1 А имаше и лажни проро­ци во народот, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои бесшумно ќе подметнат погубни ереси и, одрекувајќи се од Владиката, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел. 2#Дела 9,2; Рим 2,24И мнозина ќе го следат нивниот разврат, и поради нив патот на висти­на­та ќе биде похулен. 3#Ис 52,5; Јуда 1,4Од алчност ќе ве придобијат со ласкави збо­рови; но нивното осудување, одамна подготвено, нема да задоцни и нивната погибел не дреме. 4#Мт 8,29; Јуда 1,6Зашто Бог, не ги поштеди ниту анге­лите што згрешија, туку, врзувајќи ги со вериги на најтемниот мрак и фрлајќи ги во пеколот, ги предаде да бидат чувани за суд; 5#Мудр 10,4; 1 Птр 3,20и не го поштеди стариот свет, туку, кога нанесе потоп врз нечестивиот свет, го запази само осумчленото семеј­ство на Ное – проповедникот на правдата; 6#1 Мојс 19; Мудр 10,6-8; Сир 16,7-10; Мт 10,15; Јуда 1,7и градовите Содом и Гомор ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример за идни­те нечестиви, 7#Лк 17,29а го избави праведниот Лот, кој беше измачуван од развратниот живот на беззакониците. 8Зашто, кога меѓу нив живееше праведникот, тој од ден на ден ја измачуваше својата праведна душа, гледајќи ги и слушајќи ги без­за­конските дела; 9#1 Кор 10,13; 2 Сол 1,5-10; Јуда 1,6значи Господ знае како да ги избавува благочестивите од искушенија, а непра­ведните да ги чува за да бидат казнети на судниот ден; 10#Јуда 1,7-8а најмногу оние што ја следат плотта во нејзините гнасни похоти, и ја презираат власта. Дрски се, самоволни, и не се плашат да хулат на славата; 11#Јуда 1,9но дури ни ангелите, кои се поголеми по моќ и сила од нив, не изнесуваат пред Господа хула против нив. 12#Пс 48,12-14; Јуда 1,10А тие, како неразумни животни, по природа создадени да се ловат и да се ништат, хулејќи го она што не го познаваат, во својата пропадливост ќе загинат, 13#Јуда 1,12добивајќи отплата за вршење неправда. Тие секојдневниот раскош го сметаат за задоволство; тие се скверни и порочни, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас; 14имаат очи полни со прељубодејство и ненаситени со грев; ги мамат не­ут­врдените души; имаат срце привикнато на лакомство. Тие се чеда на проклетството! 15#4 Мојс 22,7; Јуда 1,11; Откр 2,14-15Откако го оставија правиот пат, се заблудија, тргнаа по патот на Восоровиот син Валаам, кој засака пла­та за вршење неправда; 16#4 Мојс 22,28но, беше изобличен за своето беззаконие, кога безгласното магаре проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот. 17#Јуда 1,12-13Тие се безводни извори, облаци од бу­ра разнесувани; за нив за навек е зачуван мракот на темнината. 18#Јуда 1,16Зашто, говорејќи големи и празни зборови, ги мамат на телесни похоти и на разврат оние кои тукушто се оттргнале од таквите што живеат во заблуда. 19#Јн 8,34; Рим 6,16-17Им ветуваат слобода, а тие са­ми­те се робови на пропадливоста, зашто кога не­кој некого победува, тој и го поробува. 20#Мт 12,45Зашто, ако оние што веќе ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот Исус Христос, повторно се победени, заплеткувајќи се во нив, тогаш за нив последното станува полошо од првото! 21#1 Кор 11,2; Јуда 1,3Зашто подобро ќе беше за нив да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена. 22#Изреки 26,11; Лк 12,47-48Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица и искапената свиња – во калта.“

Iliyochaguliwa sasa

2 Петар 2: MAK2023

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia