1 Јован 3
3
Божји чеда
1 #
Јн 1,12; 16,3; 17,25; Рим 8,16; 1 Кор 1,21; Гал 4,4-5; Ефес 1,5 Видете каква љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји! Затоа светот не ве знае, зашто не Го спозна Него. 2#2,8; Јн 17,24; Рим 8,29; Фил 3,21; Кол 3,4; Откр 22,4Возљубени, сега сме чеда Божји! Но сѐ уште не е откриено што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се открие, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е. 3#2,6; 2 Кор 7,1И секој што ја има таа надеж во Него, се очистува себеси, како што е чист Тој. 4Секој што прави грев, прави и беззаконие; зашто гревот е беззаконие. 5#Ис 53,4.5.9; Јн 1,29; 8,46; 9,16.24.31; Евр 7,26; 9,26; 1 Птр 2,22-24А знаете дека Тој се јави за да ги земе нашите гревови; а грев во Него нема. 6#Мт 7,18; Рим 6,14.17-18Секој што престојува во Него, не греши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал. 7#2,29; 3,10Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој. 8#3,12; 1 Мојс 3,15; Мк 1,24; Јн 8,34.44; 12,31Оној што прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од искони. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне ѓаволските дела. 9#3,6Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто Неговото семе престојува во него; и не може да греши, бидејќи е роден од Бога. 10#2,29; 3,23 Божјите чеда и ѓаволските чеда по тоа и се познаваат. Секој што не постапува праведно, и секој што не го љуби својот брат, не е од Бога.
Да се љубиме еден со друг
11 #
2,7; 3,23; Јн 13,34 Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се љубиме еден со друг. 12#1 Мојс 4,8; Јн 8,44; Евр 11,4Но не како Каин, кој беше од лукавиот и го уби својот брат. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а оние на неговиот брат – праведни. 13#Мт 24,9; Лк 6,22; Јн 15,18-21Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази. 14#Јн 5,24Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме браќата; оној што не го љуби својот брат, тој останува во смртта. 15#Мт 5,21-22; Јн 8,44Секој што го мрази својот брат, е човекоубиец; а знаете дека ниеден човекоубиец нема вечен живот во себе. 16#4,16; Мт 20,28; Јн 15,13Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас Својата душа; но и ние сме должни да ги полагаме своите души за браќата. 17#5 Мојс 15,7.11; Лк 10,33; Јк 2,15-16Но оној што има световно богатство и забележи дека неговиот брат има потреба од нешто, та го затвори своето срце за него – тогаш како Божјата љубов ќе остане во него? 18#Мт 7,21; Гал 5,6; Јк 1,22; 2,14-17Чеда мои, да не се љубиме на збор, ниту на јазик, туку на дело и во вистина!
Увереност пред Бог
19 #
Изреки 10,12; Евр 4,16; 1 Птр 4,8 И по тоа ќе знаеме дека сме од вистината, та ќе ги успокоиме своите срца пред Него; 20#4,4; 3 Цар 8,39; Пс 7,9; Лк 18,13; Дела 15,8 зашто ако нашето срце нѐ обвини, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ. 21#5,14; Евр 4,16Возљубени, ако нашето срце не нѐ обвинува, тогаш ние имаме смелост пред Бога, 22#Ер 29,12-13; Мт 7,7-8; Јн 8,29; 15,7и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите заповеди и го правиме тоа што е благоугодно пред Него. 23#4,21; Јн 6,29; 13,34; 15,12; Рим 10,14; 1 Сол 4,9; 1 Птр 1,22А Неговата заповед е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. 24#2,24; 4,13; Јн 14,23; Рим 8,9И оној што ги чува Неговите заповеди, престојува во Него, и Тој – во него. А по ова знаеме дека Тој престојува во нас: по Духот што ни Го дал.
Iliyochaguliwa sasa
1 Јован 3: MAK2023
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023