1 Коринтјаните 1
1
Поздрав и благодарност
1 #
Рим 1,1; 2 Кор 1,1 Павле, според волјата Божја повикан за апостол на Исус Христос, и братот Состен – 2#6,11; Пс 98,6; Дела 2,21; 9,14.21; 22,16; Рим 1,7; 10,12-13до Божјата црква која е во Коринт, до осветените во Христос Исус, повикани да бидат светии, заедно со сите оние кои на секое место го повикуваат името на нашиот Господ Исус Христос, нивен и наш: 3благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос! 4Секогаш Му благодарам на мојот Бог за вас поради Божјата благодат што ви е дадена во Исус Христос, 5#Рим 15,14; 2 Кор 8,7бидејќи целосно се збогативте во Него, во секое слово и во сето знаење, 6онака како што Христовото сведоштво се утврди во вас, 7#12,4; Лк 17,30; Фил 3,20; 2 Сол 1,7; 1 Птр 1,7.13така што не сте лишени од ниеден дар, додека нестрпливо го исчекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос, 8#Фил 1,6.10Кој и ќе ве утврди до самиот крај, за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос. 9#10,13.16; Рим 8,17; 2 Кор 1,18; 1 Сол 5,24; 2 Сол 3,3; Евр 10,23; 1 Јн 1,3Верен е Бог, преку Кого бевте повикани во заедница со Неговиот Син, Исус Христос, нашиот Господ.
Поделби во Црквата
10 #
Рим 12,16; 15,5; 2 Кор 13,11; Фил 2,2; 4,2 Браќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во една мисла. 11Бидејќи од семејството на Хлој бев известен за вас, браќа мои, дека меѓу вас имало кавги. 12#2 Кор 10,7А ова го кажувам зашто секој од вас вели: „Јас сум Павлов“, „јас Аполосов“, „Јас, пак, на Кифа“, „а јас Христов.“ 13Па зар Христос е разделен? Павле ли беше распнат за вас? Или во Павловото име бевте крстени? 14Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај, 15та никој да не може да рече дека во мое име крштевав. 16Навистина, го крстив уште и Стефаниновиот дом, а освен нив не помнам дека сум крстил и некој друг. 17#2,1Зашто Христос не ме прати да крштевам, туку да го проповедам благовестието, и тоа не со мудри зборови, за Христовиот крст да не ја изгуби силата.
Исус Христос, моќ и мудрост во Бога
18 #
Рим 1,16-17; 2 Кор 2,15; 4,3 Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, тоа е Божја сила. 19#Ис 29,14Зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните.“ 20#3,19; Ис 19,11-12; 44,25; Јов 12,17Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја покажа ли Бог бзумна мудроста на овој свет? 21И бидејќи, по Божјата мудрост, светот не Го позна Бога со својата мудрост, Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат. 22#Мт 12,38; 16,1; Јн 2,18.23; 4,48; 6,30; Дела 17,18Зашто и Јудејците сакаат знаци, и Елините бараат мудрост, 23#2,14; Гал 5,11а ние Го проповедаме Христос распнатиот, Кој за Јудејците е соблазна, а за Елините безумие; 24#Авак 3,18; Јов 12,13; Кол 2,3но за оние што се повикани, како Јудејци, така и Елини: Христос, Божја сила и Божја премудрост. 25Зашто Божјото безумие е помудро од луѓето, и Божјата слабост е посилна од луѓето. 26#Мт 5,3; 11,25; Лк 14,21; Јк 2,5Гледате, браќа, какви сте вие, повиканите: не мнозина сте мудри по тело, не мнозина силни, не мнозина благородни; 27но Бог го избра она што е безумно во светот за да ги посрами мудрите; Бог го избра она што е слабо во светот, за да ги посрами силните; 28Бог го избра она што е неугледно и презрено во светот, и она што не значи ништо, за да ги уништи оние што значат нешто, 29#Рим 3,27та никој да не се пофали пред Бога. 30#Рим 10,4; Кол 2,3А од Него сте и вие во Исус Христос, Кој нам ни стана мудрост од Бога, и праведност, и осветување, и откуп, 31#Ер 9,24; 2 Кор 10,17; Гал 6,14па да биде, како што е напишано: „Оној што се фали, во Господ нека се фали.“
Iliyochaguliwa sasa
1 Коринтјаните 1: MAK2023
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023