Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Захарија 7

7
На Бога Му се угодни добри дела.
1Во четвртата година на царот Дарија би слово Господово кон Захарија, на четвртиот ден од деветтиот месец – Хаслев,
2кога Ветил ги испрати Сарацера и Регемелеха и придружниците нивни за да се помолат пред лицето на Господа
3и да ги прашаат свештениците, што се наоѓаа во домот на Господа Саваот, и пророците, па да прашаат: »да плачеме ли во петтиот месец и да постиме ли, како што го правевме тоа, еве, веќе многу години?«
4И би слово на Господа Саваот до мене:
5»Кажи му на сиот народ од оваа земја и на свештениците вака: ‚кога постевте и плачевте во петтиот и седмиот месец, и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте, зар за Мене?
6И кога јадевте и пиевте, зар не јадевте за себе и зар не пиевте за себе?‘
7Зар истите зборови не ги кажуваше Господ преку поранишните пророци, кога Ерусалим беше населен и спокоен, а и градовите околу него, јужната страна и низината, кога беа населени?«
8И би слово Господово до Захарија:
9вака зборуваше тогаш Господ Саваот: извршувајте суд праведен и имајте милост и сочувство кон својот брат;
10вдовици и сираци, придојден и сиромав не злоставувајте и не мислите зло во срцата ваши еден против друг.
11Но тие на сакаа да слушаат, и се одвратија од Мене; и ушите ги затнаа за да не слушаат.
12И срцето го скаменија, за да не го пазат законот и зборовите што ги испраќаше Господ Саваот преку Својот Дух до поранешните пророци; па затоа и ги постигна големиот гнев на Господа Саваот.
13И како што викав Јас, а тие не слушаа, викаа и тие, но Јас не ги слушав, вели Господ Саваот.
14па ги распрснав по сите народи, кои тие не ги познаваа, и оваа земја запусте по нив, така што никој не одеше ни напред ни назад по неа, и тие саканата земја ја претворија во пустиња.

Iliyochaguliwa sasa

Захарија 7: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia