Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Захарија 11

11
Плач поради неверните пастири народни.
1Отвори ги, Ливане, портите свои и оган нека ги проголта кедрите твои.
2Плачи, кипарисе, зашто падна кедарот, оти и великаните се опустошени; ридајте, дабови васански, бидејќи е провалена непроодната гора.
3Се слуша гласот од плачењето на паситрите, бидејќи е опустошено нивното велелепие; се слуша рикањето на лавовите, оти е опустошена убавината на Јордан.
4Така вели Господ Бог, мојот Бог: паси ги овците, определени за клање,
5кои купувачите, без пречка ќе ги колат, а продавачите ќе им велат: »нека е благословен Господ; се збогативме!« И паситрите нивни не ќе ги жалат.
6Зашто Јас веќе нема да им проштевам на жителите од земјата, вели Господ; ете, ќе ги предадам луѓето, секого во рацете на неговиот ближен и во рацете на неговиот цар, и тие ќе ја поразуваат земјата, а Јас нема да ги избавувам од рацете нивни.
7И ќе ги пасам овците во земјата Хананска, определени за клање, овци навистина бедни. И ќе земам два стапа, едниот ќе го наречам – благоволение, а другиот – вериги; со нив ќе ги пасам овците.
8И ќе истребам тројца од пастирите во еден месец и ќе се одврати душата Моја од нив, оти и нивната душа ќе се одвраќа од Мене.
9Тогаш ќе речам: нема да ве пасам; онаа што умира, нема умре, и која загинува, нека загине; и тие, пак, што ќе останат нека се изедат една со друга.
10И така ќе го земам стапот Свој благоволение и ќе го прекршам, за да го уништам заветот што го склучив со сите народи.
11И тој ќе биде уништен во оној ден, и тогаш ќе разберат бедните овци, кои Ме очекуваат, дека ова е слово од Господа.
12И ќе им речам: ако ви е угодно, дајте Ми ја наградата Моја; ако, пак не – не давајте Ми ја; и тие Ми одредија плата триесет сребреници.
13А Господ ми рече: стави ги во црковната каса – тоа е висока цена, со која ме оценија. И јас ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлив во домот Господен за грнчарот.
14Го скршив и Својот друг стап – вериги, за да го раскинам братството меѓу Јуда и Израилот.
15И ми рече Господ: земи си уште нешто од опремата пастирска.
16Оти, ете, Јас ќе поставам пастир на оваа земја, кој нема да се грижи за оние што загинуваат, нема да ги бара загубените и болните нема да ги лекува, здравите нема да ги храни, а месото од згоените ќе го јаде, копитата, пак, ќе им ги откинува.
17Тешко му на овој мрзлив пастир, што го остава стадото! Меч ќе му стои над раката негова и над неговото десно око! Раката наполно ќе му се исуши, и десното око негово наполно ќе потемнее.

Iliyochaguliwa sasa

Захарија 11: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia