Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Михеј 5

5
За местото на Христовото раѓање и за царството на милоста.
1Утврди се сега тврдино. И пак сме опседнати, со прат ќе го бијат по образите судијата на Израилот.
2И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста.
3Затоа Он ќе ги остави до времето додека роди онаа, кој треба да роди; тогаш при синовите Изаилеви ќе се вратат и нивните други браќа.
4Ќе застане Он и ќе ги пасе со силата на Господа, со величието на името Господово, својот Бог – и тие ќе живеат во мир, зашто тогаш Он ќе биде велик до краиштата на земјата.
5И Он ќе биде мирот. Кога ќе дојде Асур во нашата земја и ќе стапи во нашето владение, тогаш ние против него ќе поставиме седум пастири и осум народни кнезови.
6Тогаш тие ќе ја испасат земјата Асур со меч, а земјата на Немрода покрај портите, и Он ќе нѐ избави од Асура, кога ќе дојде во нашата земја и ќе влезе во пределите наши.
7А остатокот од Јакова меѓу многуте народи ќе биде како роса од Господа, како ситен дожд по трева. Он нема да зависи од човек и нема да се потпира на синовите Адамови.
8И остатокот на Јакова ќе биде меѓу народите, меѓу многу племиња, како лав меѓу горски ѕверови, како лавче меѓу овчо стадо; и кога ќе се појави, ќе гази и ќе растргнува и никој не ќе може да се спаси од него.
9Тогаш ќе се крене раката Твоја над непријателите Твои и тие ќе бидат истребени.
10И во оној ден, вели Господ, ќе ги истребам коњите твои пред тебе и ќе ги уништам колите твои;
11и ќе ги сотрам градовите во твојата земја и ќе ги растурам сите тврдини твои;
12ќе ги истргнам магиите од рацете твои, и при тебе не ќе има веќе вражачи;
13ќе ги уништам идолите и резаните ликови меѓу тебе – и нема веќе да се клањаш на творби од рацете твои;
14и ќе го искоренам од твојата средина идолските светилишта и ќе ги разорам градовите твои.
15Во гнев и со негодување ќе се одмаздам над народите што ќе бидат непослушни.

Iliyochaguliwa sasa

Михеј 5: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia