Јона 3
3
Проповед во Ниневија за пропаста на градот.
1И повторно дојде словото Господово до Јона, велејќи му:
2»Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ќе ти кажам.«
3Стана Јона и отиде во Ниневија по заповед на Господа; а Ниневија беше многу голем град: три дена одење.
4И Јона почна да оди по градот, колку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејќи: »Уште четириесет дена и Ниневија ќе биде разурната!«
5И поверуваа ниневијците во Бога, прогласија пост и се облекоа во вреќи, мало и големо.
6Таа проповед дојде и до царот на Ниневија, и тој стана од престолот свој, ја соблече царската облека, се облече во вреќиште и седна во пепел,
7па заповеда да се прогласи и да се каже во Ниневија од името на царот и од неговите големци – ни луѓето, ни добитокот, ни воловите, ниту овците да не јадат ништо и да не одат на пасење и да не пијат;
8и луѓето и добитокот да бидат покриени со вреќишта и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од насилството на рацете свои.
9Кој знае – можеби Бог ќе се смилостиви и ќе го отфрли од нас својот разгорен гнев, и така да не загинеме.
10И ги виде Бог нивните дела, оти тие се одвратија од својот лош пат, па се сожали на злото, за кое беше рекол дека ќе го нафрли врз нив, и не го нафрли.
Iliyochaguliwa sasa
Јона 3: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: