Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Јона 2

2
Молитвата на Јона и неговото избавување.
1И му заповеда Господ на еден голем кит да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи.
2Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на китот,
3па рече: »Кон Господа повикав во мојата неволја Он ме чу; извикав од утробата на пеколот – и Ти го чу гласот мој.
4Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минеа преку мене.
5Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, но сепак, ќе ја видам светињата Твоја.
6Ме притиснаа водите до душата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена.
7Слегнав до основите на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ќе ја изведеш душата моја од пеколот.
8Кога изнемогна душата моја, се сетив на Господа, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој.
9Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден,
10но јас со похвален глас ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господа е спасението!«
11Тогаш му заповеда Господ на китот, и тој го исфрли Јона на суво.

Iliyochaguliwa sasa

Јона 2: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia