Ппророк Језекиил 42
42
Споредни згради на храмот.
1И ме изведе од надоврешниот двор по северниот пат и ме доведе при собите, што беа спрема рамнината и спрема зградата од север,
2до она место, кое кај северната врата е долго сто лакти, а широко педесет лакти.
3Спрема дваесетте лакти на внатрешниот двор и спроти плочникот, што е од кон надворешниот двор, трем спроти трем во три ката.
4А пред собите имаше ходник – десет лакти широк, а внатре по еден лакот; вратите негови беа свртени спрема север.
5Горните соби беа потесни, зашто тремовите одземаа од нив спротивно на долните соби од зградата, кои беа пошироки.
6Собите беа на три ката, а немаше такви столбови какви што имаше во дворовите, затоа тие и се направени потесни, спротивно на долните и средните соби, почнувајќи од подот.
7А надворешниот ѕид спрема тие соби од надворешниот двор, кој ја поврзува предната страна на собите, е долг педесет лакти;
8оти и собите на надворешниот двор имаат должина само педесет лакти, и така пред храмот – сто лакти.
9А долу имаше ходник кон тие соби од источната страна, кога се доаѓа кај нив од надворешниот двор.
10По ширината на ѕидот од дворот спрема исток пред плоштадот и пред зградата имаше соби.
11А ходникот пред нив беше исто таков како и пред оние соби, што се свртени спрема север, со иста таква должина како и при нив, и исто таква ширина; и сите излези нивни и изработката нивна и вратите нивни беа исто такви како и при другите.
12Имаше исти врати какви што беа и при собите од јужната страна; и за влез во нив имаше врати при патеката, која водеше надолж по источниот ѕид.
13И ми рече тој: северните соби и јужните соби, што се наоѓаат пред плоштадот, се свети соби, во кои свештениците, што му се приближуваат на Господа, ги јадат најсветите жртви; само таму ги ставаат најсветите жртви и лебниот принос, жртвите за грев и жртвите за престап, оти тоа е свето место.
14Кога влегуваат таму свештениците, тие не треба да излезат од тоа свето место во надворешниот двор, сѐ додека таму не ги остават своите одежди, со кои служеле, зашто тие се свештени одежди; треба да облечат други одежди, и тогаш да излезат пред народот.
15кога го заврши тој мерењето на внатрешниот храм, ме извести пред вратите, свртени кон исток, и почна да мери наоколу.
16Ја измери источната страна со мерната трска, измери со неа – петстотини трски;
17На северната страна со истата мерна трска измери вкупно петстотини трски.
18На јужната страна со мерната трска измери исто така петстотини трски.
19И кога се заврти спрема западната страна со мерната трска, измери исто така петстотини трски.
20Од сите четири страни тој го измери; околу него имаше ѕид долг петстотини трски и петстотини трски широк, за да го одделува светото место од несветото.
Iliyochaguliwa sasa
Ппророк Језекиил 42: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016