Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Даниил 9

9
Данииловата покајничка молитва.
1Во првата година од царувањето на Дариј, синот на Асуира, од мидијски род, кој беше поставен за цар над халдејското царство,
2во првата година на неговото царување, јас, Даниил, го разбрав според книгите бројот на годините за словото што беше му го кажал Господ на Јеремија, дека седумдесет години ќе се навршат над опустошениот Ерусалим.
3И го свртев лицето свое кон Господа Бога со молитва и со молба, во пост, во кострет и пепел.
4И му се молев на Господа мојот Бог, се исповедав и Му реков: »Те молам, Господи, Боже Велики и чудесен, Кој пазиш на заветот и имаш милост за оние кои Те сакаат и кои ги пазат Твоите заповеди!
5Згрешивме, постапивме беззаконо, дејствуваме нечесно, се противевме и отстапивме од Твоите заповеди и од Твоите наредби
6и не ги слушавме Твоите слуги, пророците, кои им зборуваа од Твое име на царевите наши и на достоинствениците наши, на татковците наши и на сиот народ од земјата.
7Во Тебе, Господи, има правда, а во нас – срам на лицата, како што е денес кај секој Јудеец, при жителите на Ерусалим и во сиот Израил, и кај ближниот и кај далечниот, по сите краишта каде што си ги прогонил заради нивното отстапиништво, со кое отстапија од Тебе.
8Господи, кај нас на лицата наши има срам, при царевите наши, при кнезовите наши и при татковците наши, зашто згрешивме пред Тебе.
9А при Господа, нашиот Бог, има милосрдност и проштевање, бидејќи ние станавме против Него
10И не го слушавме гласот на Господа, нашиот Бог за да постапиме според Неговите закони што ни ги дава преку своите слуги – пророците.
11И сиот Израил го престапи Твојот закон и се одврати за да не го слуша Твојот глас; па затоа врз нас се излеа проклетство и клетва, што се напишани во законот Мојсеев, слугата Божји; оти згрешивме пред Него.
12И Он ги изврши зборовите Свои што ги кажа против нас и против нашите судии, кои нѐ судеа, испраќајќи против нас голема беда каква што немало под небесата и каква што се извршува над Ерусалим.
13Како што е напишано во законот Мојсеев, така нѐ постигна сето тоа зло; но не го молевме Господа, нашиот Бог, за да се ослободиме од беззаконијата свои и да ја разбереме Твојата вистина.
14Господ внимаваше над тоа зло и го испрати врз нас; оти праведен е Господ нашиот Бог во сите Свои дела што ги врши, но ние не го слушавме гласот Негов.
15И сега, Господи, Боже наш, Ти што го изведе народот Свој од земјата Египетска со силна рака, Ти ја покажа славата Своја како денес; згрешивме, постапивме нечесно.
16Господи, по сета Твоја правда нека се одврати гневот Твој и негодувањето Твое од Твојот град, Ерусалим, од Светата Твоја Гора; зашто за гревовите наши и за беззаконијата на татковицте наши Ерусалим и народот Твој е поруган, кај сите, што нѐ опкружуваат.
17А сега чуј ја, Боже наш, молитвата на Твојот слуга и неговото молење, па заради Тебе, Господи, погледај со светлото Твое лице на опустошеното Твое светилиште.
18Приклони го, Боже мој, увото Свое и послушај, отвори ги очите Свои и погледај ги нашите пустоши и градот, над кој се призива името Твое; оти ние ги принесуваме молењата свои пред Тебе, надевајќи се не на нашата праведност, туку на Твојата голема милосрдност.
19Чуј Господи, Господи прости ни, Господи погледај и изврши, не забавај поради самиот Тебе, Боже мој, зашто името Твое се призива над Твојот град и над Твојот народ!«
20Додека зборував и се молев и ги исповедав гревовите свои и гревовите на мојот народ Израилот и ја принесував молбата своја пред Господа, мојот Бог, за светата Гора на мојот Бог,
21додека ја продолжував молитвата, човекот Гавриил кого го бев видел во поранешното видение, долета брзо, се допре до мене во времето на вечерната жртва,
22ме вразуми, говореше со мене и рече: »Данииле, сега излегов за да те научам да разбираш.
23Во почетокот на твоето молење се појави твојот збор и јас дојдов да ти го соопштам, зашто ти си човек сакан; па така, внеси се во зборот и разбери го видението.
24Седумдесетте седмици се определени за твојот народ и за светиот твој град за да биде покриен престапот, за да бидат запечатени гревовите и избришани беззаконијата, за да биде доведена вечната правда, за да биде запечатено секое видени и пророк и да биде помазан Светиот на светиите.
25И така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до Христа Владиката се седум седмици и шеесет и две седмици; и ќе се врати народот и одново ќе се изградат улици и ѕидовите, но во тешки времиња.
26И по шеесет и двете седмици Христос ќе биде предаден на смрт и суд нема да има: а градот и светилиштето ќе бидат разрушени од народот на водачот што ќе дојде, и крајот ќе му биде како од поплава, и до крајот на војната ќе има опустошување.
27И во една седмица ќе го потврди заветот за мнозина, а во половината на седмицата ќе престане жртвата и приносот, а на крилото од светилиштето ќе настапи мерзост на запустувањето и крајот на предопределената погибел ќе го постигне опустошителот.«

Iliyochaguliwa sasa

Даниил 9: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia