Даниил 8
8
Данииловата покајничка молитва.
1Во третата година од царувањето на царот Валтазар, јас Даниил, имав второ видение по оние што ми се беа јавиле порано.
2И видов во видението, и кога гледав, јас бев во Суза, престолнината на Еламската област, и видов во видението како да бев при реката Улај.
3Ги кренав очите и видов: а таму при реката стои еден овен: тој имаше два рога и рогови високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот се извиши подоцна.
4Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили.
5Со внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, кој ја изоди целата земја, не допирајќи се до неа; и тој козел имаше знаменит рог меѓу очите свои.
6Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост.
7И видов кога тој се приближи до овенот, свирепи се фрли на него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него.
8Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни.
9И од едниот од нив излезе среден рог, кој нарасна многу спрема југ и спрема исток и спрема убавата страна,
10па се издигна до небесната војска, собори на земјата дел од таа војска и од ѕвездите и ги смачка;
11се издигна дури и над Водачот на таа војска, Му ја одзеде секојдневната жртва и го урна местото на Неговата светиња;
12и војската беше предадена заедно со секојдневната жртва поради бесчестието; а тој, откако ја собори вистината на земајта, дејстуваше и успеваше.
13И чув еден од светиите да зборува, и тој светија му рече на еден кој прашуваше: »До кога ќе трае тоа видени за секојдневната жртва и за бесчесното опустошување, кога светлината и војската беа стапкани?«
14И ми рече: »Две илјади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти.«
15И кога јас, Даниил, го гледав тоа видение и замолив за неговото значење, ете пред мене застана некаков лик на човек.
16И чув од средината на Улај човечки глас, кој извика и рече: »Гаврииле, објасни му го тоа видение!«
17И се приближи тој до местото каде што стоев и кога дојде, јас се уплашив и паднав ничкум; а тој ми рече – знај сине човечки дека видението се однесува на крајот од времето.
18И кога зборуваше тој со мене, јас лежев ничкум на земјата без чувства; но тој се допре до мене и ме постави на моето место,
19па ми рече: »Еве ти откривам што ќе биде во последните денови на гневот; зашто тоа се однесува на крајот од определеното време.
20Овенот со двата рога што ги виде тоа се мидијскиот цар и персискиот.
21А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тој е нејзиниот прв цар:
22тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила.
23А кон крајот на царството нивно кога отстапниците ќе ја исполнат мерката на своите беззаконија, ќе се издигне еден цар бесрамен и искусен во сплеткарење;
24неговата моќ ќе се зацврсти, иако не со неговата сила; тој ќе врши чудни пустошења и ќе успева, ќе дејствува и ќе погубува јунаци и народи на светиите;
25со умот негов ќе напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ќе се возгордее и во мирно време ќе погуби мнозина; тој ќе се крене против Кнезот над кнезовите, но ќе биде победен – не со рака.
26А видението за вечерта и утрината за кое ти се рече е вистинско, но ти сокри го тоа видение оти се однесува на далечни времиња.«
27Јас, Даниил, истоштен и болен бев неколку дни, потоа станав и почнав да се занимавам со царските работи; се чудев на тоа видение и не го разбирав.
Iliyochaguliwa sasa
Даниил 8: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: