Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Даниил 11

11
Пророкување за царевите во Персија.
1И така, од првата година на Мидјанинот Дариј јас му станав помошник и поткрепа.
2Сега ќе ти ја кажам вистината: еве, уште тројца цареви ќе се издигнат во Персија; потоа четвриот ќе ги надмине сите со големо богатство, и кога ќе го намножи богатството свое, ќе ги крене сите против грчкото царство.
3Потоа ќе се појави силен цар, кој ќе владее со голема власт и ќе дејствува според својата волја.
4Но, кога ќе се издигне тој, царството негови ќе се сруши и ќе се раздели на четирите ветра небесни и нема да помине на неговите потомци, и не со таква власт, со која тој господареше; затоа што царството негово ќе се растури и ќе падне на други, а не на нив.
5И јужниот цар ќе се засили, и еден од кнезовите негови ќе стане посилен од него и ќе владее, и власта негова ќе биде голема.
6Но по неколку години тие ќе се спријателат и ќерката на јужниот цар ќе дојде при северниот цар за да ги среди правилно односите помеѓу нив; но таа нема да ја задржи силата во рацете свои, и нема да го оддржи нејзиниот род, туку тие ќе бидат предадени, како таа, така и оние, што ќе ја придружуваат; и родениот од неа, како и оние што ѝ помагале во тоа време.
7Но ќе се издигне фиданка од коренот нејзин, ќе дојде при војската, ќе влезе во тврдините на северниот цар, ќе дејствува во нив и ќе се засили.
8Дури и боговите нивни, идолите нивни заедно со скапите садови, сребрени и златни, ќе ги однесе како плен во Египет и неколку години ќе владее посилно од северниот цар.
9И тој, ако и влезе во царството на јужниот цар, пак ќе се врати во земјата своја.
10Потоа, ќе се вооружат синовите негови и ќе соберат многубројна војска; а еден од нив брзо ќе замине, ќе поплави и ќе замине, и потоа враќајќи се, ќе се бори со него до тврдината негова.
11И јужниот цар ќе се налути, па ќе излезе да се удри со него, со северниот цар, и ќе изведе голема војска и војската ќе биде предадена во рацете негови.
12Тогаш војската ќе се охрабри, и срцето на царот ќе се зарадува; тој ќе собори многу илјади, но со тоа нема да стане посилен,
13бидејќи северниот цар ќе се врати и ќе изведе повеќе војска од поранешната и по неколку години ќе дојде со голема војска и со големо богатство.
14Во тоа време мнозина ќе станат против јужниот цар, и бунтовниците меѓу синовите на твојот народ ќе се кренат, за да се исполни видението, и ќе паднат.
15И ќе дојде северниот цар, ќе направи опкоп и ќе го завладее укрепениот град, и нема да се додржат мишките на југ, ниту неговата избрана војска: ќе нема сила да се спротивстави.
16И кој ќе излезе во пресрет, ќе дејствува според неговата волја и никој не ќе може да устои пред него; и живеалиштето свое ќе го постави во славната земја, и таа ќе настрада од раката негова.
17И ќе науми да навлезе во царството свое со сите сили, а и праведните со него, и ќе го направи тоа; и ќе му даде ќерка од жените свои за жена, за да го погуби, но таа намера нема да се исполни, и тој не ќе има никаква корист од тоа.
18Потоа ќе го сврти лицето свое кон островите и ќе завладее многу од нив; но еден водач ќе го прекрати нанесениот срам од него и дури својот срам ќе го префрли врз него.
19Потоа ќе го сврти лицето свое кон тврдините на својата земја, но ќе се сопне, ќе падне и нема да ги освои.
20На негово место ќе се издигне друг што ќе прати даночник за да мине по царството на славата. Но и тој по неколку дни ќе загине, и тоа не од востание, ниту во бој.
21А на негово место ќе се издигне презрениот, и нема да му дадат царски почести; но тој ќе дојде без шум и со лаги ќе го освои царството.
22И напаѓачите ќе бидат потопени и победени од него, дури и кнезот со кого се поврзал.
23Оти, откако стапи во сојуз со него, тој ќе дејствува со измама и ќе се искачи и ќе се одржи на врвот со малку народ.
24Тој ќе влезе во мирни и плодни краишта и ќе го изврши она што не го правеле татковците негови и татковците на татковците негови; пленот, заграбениот имот и богатството ќе го троши како свое и за тврдините ќе помислува, но само за некое време.
25Потоа ќе се охрабри духот негов и со многубројна војска ќе се крене против јужниот цар; јужниот цар ќе излезе во војна со голема и уште посилна војска, но нема да се додржи, оти против него ќе има сплетки.
26Дури и оние што јадат леб со него ќе му станат убијци, и војската ќе му се распушти, па така многумина ќе паднат убиени.
27Во срцето на двата цара ќе има сплетки, и ќе седнат на една трпеза и ќе зборуваат лага, но нема ништо да се случи, зашто крајот е одложен до определеното време
28и така ќе се врати тој во својата земја со големо богатство и со непријателска замисла против светиот завет, и ќе го исполни и ќе се врати во земјата своја.
29Во определеното време тој пак ќе појде против југ, но последниот поход нема да биде како поранешниот,
30бидејќи истовремено со него ќе дојдат китимските кораби, ќе ослаби со духот и ќе се врати, ќе се озлоби против светиот завет и ќе ја изврши својата намера и пак ќе се договори со отстапниците од светиот завет.
31И ќе постави определен одред војска што ќе го осквернува светилиштето на силата, ќе ја укине секојдневната жртва и ќе постави мерзост на запустување.
32Со лукавство ќе ги привлече кон себе оние што постапуваат нечесно против заветот; но луѓето кои Го почитуваат својот Бог, ќе се засилат и ќе дејствуваат.
33И разумните од народот ќе вразумуваат мнозина, макар и некое време да страдаат од меч и оган, од ропство и грабеж.
34И во времето на страдањето свое ќе имаат извесна помош и мнозина ќе се присоединат кон нив, но дволично –
35и од разумните некои ќе пострадаат за да ги испитаат, очистат, и обелат за последното време, зашто уште има време до рокот.
36И ќе постапува тој цар според својата волја, ќе се крене и ќе се возвеличи повисоко од секое божество, ќе почне да хули на Бога над боговите и ќе успева, сѐ додека не се исполни гневот; зашто, она што е предопределено, тоа и ќе се изврши.
37За боговите на татковците свои нема ни да помисли, ни желба за жени нема да има, дури ни никакво божество нема да уважува, бидејќи ќе се возгордее погоре од сите.
38Но ќе укажува почест на бога што татковците негови не го знаеле, ќе го чести со злато и сребро и драгоцени камења, место Бога кој е најсилен.
39И ќе изгради силна тврдина со туѓ бог: на оние, што ќе го признаваат, ќе им ги зголемува почестите и ќе им дава власт над мнозина и земја ќе раздава како награда.
40Кон крајот на времето јужниот цар ќе се судри со него и северниот цар ќе се впушти како бура врз него со коли, коњаници и многубројни кораби, ќе нападне на областите, ќе ги поплави и ќе мине преку нив.
41И ќе влезе во најубавата земја, а многу области ќе пострадаат, од раката негова ќе се спасат само Едом, Моав и голем број од синовите Амонови.
42Ќе ја протегне раката своја врз разни земји; нема да се спаси ни земјата Египетска.
43Ќе освои златни и сребрени ризници и разни скапоцени работи од Египет; Ливијците и Етиопјаните ќе тргнат по него.
44Но гласовите од исток и од север ќе го смутат, па тој ќе излезе со најголема јарост за да истребува и погубува мнозина,
45и ќе ги распне царските шатори меѓу морето и гората на преславното светилиште; но ќе му дојде крајот, и никој нема да му помогне.

Iliyochaguliwa sasa

Даниил 11: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia