Даниил 10
10
Ново откровение.
1Во третата година на персискиот цар Кир би откровение до Даниила, кој се викаше Валтазар, и вистинско беше тоа откровение и со голема сила. Тој го разбра тоа откровение и го објасни тоа видение.
2Во тие дни јас, Даниил, бев тажен цели три седмици.
3Вкусен леб не јадев; месо и вино не влезе во устата моја, и масла не употребив, додека не завршија трите седмици.
4А во дваесет и четвртиот ден од првиот месец, се најдов покрај брегот на големата река Тигар;
5ги кренав очите угоре и видов: ете еден човек, облечен во ленена облака, а крстот му беше препашан со злато од Уфаз.
6Телото негово изгледаше како топаз, лицето – како светкавица – очите му беа како запалени светила, рацете негови и нозете негови изгледаа како сјаен бакар и гласот на зборовите негови како глас на многу луѓе.
7И само јас единиот, Даниил, го видов тоа видение, а луѓето што беа со мене не го видоа тоа видение; но страв голем ги обзеде, и тие избегаа за да се сокријат;
8Останав сам и го гледав тоа големо видение, но во мене не остана сила и видот на лицето мое се измени многу, не остана во мене бодрост.
9И го чув гласот на зборовите негови; и штом го чув гласот на зборовите негови, ненадејно паднав ничкум и лежев со лицето кон земјата.
10Но ете, рака една се допре до мене и ме исправи на колената мои и на дланките од рацете мои.
11Па ми рече тој: »Данииле, сакани човеку, задалабочи се во зборовите што ќе ти ги кажам, и исправи се на нозете свои, зашто при тебе сум денеска испратен.« Штом ми ги кажа тие зборови, јас станав растреперен.
12Но тој ми рече: »Не бој се Данииле! Од привиот ден кога го управи срцето свое за да постигнеш разбирање и да се смириш пред твојот Бог, зборовите твои беа примерни, и јас сакав да дојдам според зборовите твои.
13Но кнезот на персиското царство стоеше спроти мене дваесет и еден ден; а тоа е Михаил, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне и јас останав таму при персискиот цар.
14А сега дојдов да ти соопштам, што ќе се случи со твојот народ во последните времиња, зашто видението се однесува кон далечни дни.«
15Додека ми зборуваше такви зборови, паднав ничкум на земјата и онемев.
16Но ете, ете еден сличен на синовите човечки се допре до усните мои и јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: »Господаре мој, од ова видение утробата во мене се преврте и во мене не остана сила.
17Па како може слугата Твој Господи, да зборува со мојот Господар? оти во мене нема сила, и дишењето мое запрело.«
18Тогаш пак се допре до мене тој човечки образ, ме поткрепи
19и рече: »Не бој се, сакан човеку, мир да имаш; охрабри се, охрабри се!« и кога зборуваше тој со мене, јас се закрепив и реков: »Зборувај Господи мој, зашто ти ме поткрепи.«
20И тој ми рече: »Знаеш ли зошто дојдов при тебе? сега ќе се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ќе излезам јас, ќе дојде грчкиот кнез.
21Но јас ќе ти соопштам што е напишано во вистинското писмо; и нема никој друг, што ќе ми помогне во тоа, освен Михаил, вашиот кнез.«
Iliyochaguliwa sasa
Даниил 10: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: