Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Амос 5

5
Позив за покајание.
1Чујте го ова слово, со кое ќе кренам плач за вас, доме Израилев.
2Падна, нема повеќе да стане девицата Израилева! Фрлена е на земјата своја, и нема кој да ја крене.
3Оти вака вели Господ Бог: град, од кој излегуваат илјадници, ќе остане само со сто, а од кој излегуваат сто, ќе остане само со десет во домот Израилев.
4Оти така му вели Господ на домот Израилев: побарејте Ме и ќе бидете живи.
5Не барајте го Ветил, не одете во Галгал и не патувајте во Вирсавија, зашто сиот Галгал ќе појде во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо.
6Побарајте Го Господа, и ќе бидете живи, за да не се нафрли Он против домот Јосифов како оган, што ќе го проголта, и не ќе има кој да го гасне во Ветил.
7О, вие, што го превртувате правосудството во отров и правдата ја фрлате на земја!
8Кој го создал седмоѕвездието и Орион и ја претвора смртната сенка во јасно утро, а денот го прави темен како ноќ, ги извикува морските води и ги разлива по земјата? Господ е името Негово!
9Он го заштитува рушителот против силниот, и опустошителот влегува во тврдината.
10А тие го мразат оној, кој изобличува пред портите, и се гаснат од оној, кој кажува правда.
11Па така, затоа што го измачувате сиромавиот и земате од него подароци во жито, вие ќе изградите домови од делкан камен, но нема да живеете во нив; ќе насадите убави лозја, само вино од нив нема да пиете.
12Зашто Јас знам колку се многубројни вашите престапи, и колку се тешки вашите гравови; вие сте му непријатели на праведникот, земате поткуп и ги извртувате делата на сиромасите во судот.
13Поради тоа разумниот човек молчи во тоа време, оти времето е лошо.
14Барајте добро, а не зло, за да останете живи – и тогаш Господ Бог Саваот ќе биде со вас, како што велите вие.
15Мразете го злото, сакајте го доброто и поставете правосудство пред портите; можеби, Господ Бог Саваот, ќе се смилува на остатокот Јосифов.
16Затоа вака вели Господ Бог Саваот, Седржителот: по сите ваши улици ќе има плач, и по сите ваши патишта ќе викаат: Оф, оф! И ќе повикаат земјоделец да жали и искусни за жални песни, да плачат;
17и по сите лозја ќе има плач, оти Јас минам меѓу тебе, вели Господ.
18Тешко им на оние, кои го бараат денот Господен! Зашто ви е тој ден Господен? Тој е темнина, а не светлина.
19Тоа е исто како кога некој ако побегне од лав, па ќе го сретне мечка, или ако дојде дома и се потпре со раката на ѕид, па го касне змија.
20Зар денот Господен не е мрак, туку светлина? Тој е мрак, и во него нема болскот.
21Ги мразам и ги отфрлувам празниците ваши и не ги помирисувам жртвите ваши во времето на вашите прослави во собранијата.
22Ако ми принесете сепаленица и лебен принос, нема да ги примам и нема да погледнам милостиво на благодарствената жртва од вашите угоени телиња.
23Отстрани го од мене шумот на твоите песни, зашто звуците на твојата гусла нема да ги слушам.
24Правосудството нека тече како вода, и правдата – како силен поток.
25Зар не ми принесувавте жртви и дарови во лебови во пустињата во текот на четириесетте години, доме Израилев?
26Вие ја носевте скинијата Молохова и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, ликови што ги направивте за себе.
27Затоа Јас ќе ве преселам зад Дамаск, вели Господ; Бог Саваот е името Негово.

Iliyochaguliwa sasa

Амос 5: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia