Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Амос 4

4
Опомена за поглаварите во Израилот.
1Чујте го ова слово, јунички васански, вие, кои сте на Самариска гора, вие, кои ги измачувате сиромасите, ги угнетувате бедните и им велите на своите господари: »донесете да пиеме!«
2Се заколна Господ Бог во Својата светост, дека, ете, ќе дојдат врз вас дни, кога ќе ве извлечат со куки и остатокот ваш – со јадици.
3Па ќе излезете низ проломите на ѕидовите, секоја – како ќе може, и ќе ги фрлите сите украси, што се во дворците, вели Господ.
4Одете во Ветил и грешете, во Галгал и умножувајте ги престапите, принесувајте жртви секое утро, десетоци секој трети ден.
5Принесувајте како благодарствена жртва леб со квас, кажувајте ги доброволните свои приноси и разгласувајте за нив, зашто вие тоа го сакате, синови Израилеви, вели Господ.
6Затоа и ви дадов чисти заби во сите ваши градови и недостиг од леб по сите ваши населби; но вие не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
7И го задржав по вас дождот три месеци до жетва; пуштив дожд врз еден град, врз друг град не пуштив; еден дел беше напојуван со вода, а другиот – ненаросен со дожд, и се исушуваше.
8И се собраа два три града во еден град, за да се напијат со вода и не можеа да се напијат до ситост; но и тогаш вие не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
9Ве поразував со суша и метлика по житата: во многу ваши градини и лозја, насади со смокви и маслини ги јадеа гасеници, и при сето тоа пак не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
10Ви праќав помор, како египетскиот, ги убивав со меч момчињата ваши, отакако ги одведов коњите ваши во плен, така што смрад во становите ваши се креваше во ноздрите ваши, и покрај сето тоа не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
11Ве сотирав, како што Бог го разруши Содом и Гомор, и вие бевте истргнати од огнот како гламња, но при сето тоа не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
12Затоа вака ќе постапам со тебе, Израиле; и бидејќи така ќе постапувам со тебе, приготви се да го дочекаш твојот Бог, Израиле.
13Зашто, ете, Оној е, Кој образува гори и создава ветар и му ги објавува замислите Свои на човекот, утрената светлина ја претвора во мрак и оди високо над земјата. Името Негово е Бог.

Iliyochaguliwa sasa

Амос 4: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia