Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Шест дена за Божјите прекариПримерок

Six Days Of The Names Of God

4 ДЕН ОД 6

ДЕН 4: ЕШ ОКЛАХ – ОГАН КОЈ КОНЗУМИРА

Дали некогаш сте биле сведоци на штета нанесена од шумски пожар? Конзумира сѐ што ќе се најде пред него, многу брзо преминува преку патиштата, мостовите, па дури и реките. Сега, замислете си ваков тип на пожар што е поголем од универзумот за да можете да добиете претстава за големината на Божјата моќ.

Треба да имаме почит за Божјата огромна моќ, но исто така треба да запаметиме дека Тој е наш личен Бог, кој вистински се грижи за нас. Поради оваа причина, Тој е Бог што заслужува да го славиме и прославуваме во секое време. Треба да го сфатиме сериозно, но во исто време не треба да се плашиме да му пријдеме со нашите проблеми и да градиме врска со Него.

Божјата големина е тешко да се игнорира, исто како и вниманието што Тој го посветува на секој детаљ во нашиот живот. Како е можно толку моќно битие да биде заинтересирано за нашите, наизглед, едноставни проблеми во нашите животи? Можно е поради тоа што тој вистински се грижи за нас. Затоа треба да дозволиме Неговиот оган да гори силно во нашите срца.

Тој е Еш Оклах, оган што конзумира, но оган исполнет со милост, трпение и сочувство. Тој не привлекува до Него со цел да го ставиме Него на првото место во нашето срца, ум и душа. А на сред пожарот, Тој да ја расте љубовта во нашите срца.

Опис за овој план

Six Days Of The Names Of God

Преку многуте прекари што ги има Бог, Тој ни открива аспекти од Неговиот карактер и Неговата природа. Освен Татко, Син и Светиот Дух, во Библијата се наведени повеќе од 80 прекари за Бог. Туа се наведени шесте прекари и нивното значење, кои ќе му помогнат на читателот повеќе да се приближи до Единствениот Вистински Бог. Извадоци од „Искуси ја Моќта на Божјите прекари: Посвета што дава живот" од д-р Тони Еванс. Јуџин или: Харвест Хаус Паблишерс, 2017.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Д Урбан Алтернатив и Тони Еванс, кои ни го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната https://tonyevans.org/