Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Шест дена за Божјите прекариПримерок

Six Days Of The Names Of God

3 ДЕН ОД 6

ДЕН 3: ЈЕХОВА ЏИРЕХ – ГОСПОД ЌЕ ОБЕЗБЕДИ 

Не си сигурен како ќе ги платиш сметките овој месец. Твојата врска виси на конец. Си слушнал дека се крати на работници во твојата компанија и твоето работно место е загрозено. Кога основата во животот е во прашање — здравје, финансии, засолниште, храна, фамилија, вработување — природно е да се чувствуваш преплашено, како да нема каде да се свртиш. Тоа е моментот кога треба да го побараш Јехова Џирех. Овој благословен Божји прекар значи „Бог ќе обезбеди,” ова е име исполнето со сила и моќ.

Кога сме исплашени за нашата иднина, ние мораме да се свртиме кон Бог и да бараме помош во Негово име. Секој добар и совршен подарок доаѓа од Него и нема граници за подароците и благословите што Тој ни ги обезбедува. Понекогаш нашата вера во Него е единствениот начин да ги смириме нашите стравови и да одржиме позитивен став.

Ова може да биде тешка лекција за учење, но искушувањата на земјата ги зајакнуваат нашите духовни мускули и не приближуваат до Бог. Преку нашите борби, Тој ни покажува од прва рака на кој начин ни дава простор да дишеме и светлина за да гледаме. Тој ни го дава точно тоа што ни треба за да го овозможи нашиот раст и влијание во Неговото царство. И секогаш ни го овозможува во духот на љубовта.

Опис за овој план

Six Days Of The Names Of God

Преку многуте прекари што ги има Бог, Тој ни открива аспекти од Неговиот карактер и Неговата природа. Освен Татко, Син и Светиот Дух, во Библијата се наведени повеќе од 80 прекари за Бог. Туа се наведени шесте прекари и нивното значење, кои ќе му помогнат на читателот повеќе да се приближи до Единствениот Вистински Бог. Извадоци од „Искуси ја Моќта на Божјите прекари: Посвета што дава живот" од д-р Тони Еванс. Јуџин или: Харвест Хаус Паблишерс, 2017.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Д Урбан Алтернатив и Тони Еванс, кои ни го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната https://tonyevans.org/