Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

1 ДЕН ОД 30

Ова е неверојатна вистина: Ти си тука поставен стратешки, во овој момент од историјата, поставен си од Бог поради потребата за Неговите планови и цели. Тој има потреба од некој како тебе, кој ќе ги љуби нељубените - кој ќе донесе радост во темниот, ладен свет - да го покаже мирот во разговори и ситуации кои прават конфузија - и некој кој ќе биде милостив во времињата на нашата сурова човечка култура. Бог, создателот на универзумот има потреба од некој како тебе кој ќе биде константно оптимистички настроен при соочување со околностите кои знаат да нервираат - некој кој ќе се надева кога нема ниту една причина за надеж - и ќе покаже трпение према тврдоглавите и лукави луѓе. Бог те создал со цел да ја откриеш Неговата љубов, ама проблемот е што сите ние како Негови деца имаме наследено премногу генетски карактеристики од светот поради што забораваме на некои од нашите законски доделени Божји атрибути, доделени од нашиот возљубен татко. Се појавува проблем исто така и поради нашата желба да делуваме по своја волја наместо по негова волја. Проблемот е што ние попрво би ја прифатиле на нашата себична перспектива за некоја ситуација наместо да претставиме прекрасен и вкусен плод од нашите дела.



Ние сме створени од Бог за да ја рефлектираме Неговата љубов во текот на овој единствен момент во ова време. Ние сме создадени да ја извршуваме Неговата добра волја, но наместо тоа се одлучивме да мутираме во емоционални противници на Неговата замисла за тоа какви луѓе треба ние да бидеме. Бог нѐ создаде поради тоа што на земјата имаше недостаток на “добрина“, поради тоа сме јас и ти испратени. Бог ќе се објави преку нас до степен на кој ќе му дозволиме да го исполни нашето срце и нашиот живот. Неверојатната вистина која влева возбуда во нашето срце е дека ние можеме да впиваме од Бог толку колку што ќе посакаме! Прашањето кое се протегнува уште од времето на Еденската градина до ден денес останува непроменето, колку многу сакаш да примиш од Бог?

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е...

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност