Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Одвојување време за одморПримерок

Making Time To Rest

4 ДЕН ОД 5

Исклучете го одвлекувањето на внимание.



Доколку не се исклучите некогаш од светот околу вас, светот ќе ве повлече околу него. — Ервин МекМанус



Една од дефинициите за одмор е да бидете ослободени од анксиозност или вознемирувања. Во ова време во нашите животи, можеме лесно да ги пронајдеме работите кои го вознемируваат нашиот одмор или ни предизвикуваат анксиозност. Можеби во нив уживаме моментално и не освежуваат, но на крај, го исцрпуваат нашиот вистински одмор.



Безброј луѓе зборуваат за различни начини како да се исклучат од нашиот ултра конектиран свет. Има книги, статии, видеа и пораки кои ни укажуваат на три чекори кои спречуваат да бидеме оптоварени од работи кои ни го одземаат нашето внимание. Но не на секој, истите нешта му го одземаат вниманието. За секого е различно. 



Со цел да не ни се одзема вниманието во нашите животи, треба да земеме во предвид неколку нешта. Како прво, треба да знаеме што ни го одвлекува вниманието. Оние нешта кои не разделуваат од важното бидејки изгледаат итни или се само забавни и заносни. Како второ, треба да имаме желба да ја занемариме нашата агенда за да не ни изгледа дека најважните луѓе во нашите животи не одвраќаат. 



Што и да е тоа што ни го краде мирот и одморот, мораме да поставиме некои граници. Надежно е дека ќе можеме да препознаеме што е проблемот откако ќе ја прочитаме реченицава. Наместо да дозволиме одвлекувањето на внимание да пречи на нашиот одмор или најважните луѓе во нашите животи, можеби треба...




  • ...да не го работиме на нашиот компјутер додека нашите деца се будни. 

  • ...да избереме да се фокусираме на доброто наместо грижите да ни го одвлекуваат вниманието.

  • ...да избереме различен звук за телефонски повици од нашите членови на фамилијата и се друго да оди на говорно сандаче. 

  • ...да избереме да не гледаме телевизија додека не дојде викенд. 

  • ...да ги оставиме плановите за иднината на страна за да можеме да се фокусираме на сегашноста.

  • ...да поставиме временски граници за некои веб страни, апликации или видео игри. 


Доколку се пронаоѓаме постојао анксиозни или вознемирени, ние мораме да ги намалиме или елиминираме работите кои го предизвикуваат тоа чувство. Нема да биде лесно. Се што е вредно да се поседува бара работа и жртва. Ајде да не дозволиме да ни помине уште еден ден каде одвлекување на вниманието од светот ќе ни пречи на нашиот најдобар одмор со Бог.



Одраз




  • Која е најголемата работа која пречи на твојето одморање?

  • Кои чекори треба да ги превземеш денес за да ги елиминираш тие пречки во твојот живот?

  • Запиши го секое откровение кое Бог ти го зборува преку читање на Библијата или посветата.

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Making Time To Rest

Воркохолизмот и постојаната зафатеност се често поздравувани во нашиот свет, и може да биде предизвикувачки да се одмориме. Со цел да ги извршиме ефективно нашите улоги и планови, ние мора да научиме како да се одмора во...

More

Овој оригинален Библиски план е составен и овозможен од YouVersion.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност