Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Одвојување време за одморПримерок

Making Time To Rest

3 ДЕН ОД 5

Обнови го твојот ум со водење дневник.


Она на што мислиш, тоа расте. Не се фокусирај на она низ што проаѓаш. Фокусирај се на она што ќе го правиш! — Др. Каролин Лиф.


На вториот ден, научивме за начин за одмор со медитиација во Божјиот збор, за нашите акции да бидат во линија со неговите вистини. Има многу начини како Светото Писмо да пенетрира во нашите души. Неговата вистина буквално ќе се облее на нашите умови со што ќе започнеме да гледаме различно на нештата. Како што медитираме во Божјиот збор, нашите умови ќе бидат обновени и ќе пронајдеме одмор за кој не сме мислеле дека постои.


Со цел да извлечеме најмногу од нашето време поминато во Божјиот збор, можеме да водиме дневник како дел од нашата дневна рутина. Водењето дневник немора да биде длабоко или детално ако не е нешто на кое сме навикнати да го правиме. Може да биде едноставно неколку напишани линии од некој увид кој сме го добиле читајки ја Библијата. Има многу начини како да водиме дневник. Можеме да ги запишуваме мислите или молитвите; некои луѓе се бават со уметност во текот на водењето дневник. Нема правилен начин како да го направите тоа. За да ви помогнеме како да го направите тоа еве една скица која може да ја пратите: 


  • Изберете еден стих (или повеќе) и прочитајте ги.
  • Прочитајте ги повторно.
  • Запишете го.
  • Побарајте увид од Бог и запишете го.

Можеби сте одлучиле да водите дневник за Римјаните 8:28 кој вели, “А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сè им содејствува за добро.” Да го запишеме откако ќе го прочитаме два до три пати. Можеме дури да го препишеме од различни верзии на библијата. Го завршуваме нашето водење дневник барајки од Бог за увид за она кое сме го прочитале.


Како што истураме Свето Писмо користејки го планот погоре, можеме да го интернализираме во текот на денот. Водењето дневник нуди времеплов на кој можеме да се навратиме за да имаме преглед на духовниот напредок кој сме го постигнале и начинот на кој Бог ни зборувал во минатото.


Ќе гледаме јасно на работите и добиеме нова перспектива за како Божјиот Збор е применет во нашите животи и не обновува внатрешно. Како што нашите умови се возобновени, добиваме одмор кој неможе да го искусиме преку ниту едно земно задоволство.


Одраз


  • Дали некогаш сте вклучиле водење дневник како дел од вашите животи со Бог?
  • Избери еден стих и напиши дневник користејки ја скицата погоре.
  • Запиши го било кое откритие додека Бог ти зборува читајки ја Библијата или посветата.
Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Making Time To Rest

Воркохолизмот и постојаната зафатеност се често поздравувани во нашиот свет, и може да биде предизвикувачки да се одмориме. Со цел да ги извршиме ефективно нашите улоги и планови, ние мора да научиме како да се одмора во...

More

Овој оригинален Библиски план е составен и овозможен од YouVersion.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност