Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Без анксиозностПримерок

Anxious For Nothing

7 ДЕН ОД 7

Можеби една од овие приказни ја прими. Или можеби твојата приказна за анксиозност е тотално различна. Но, со која и битка на анксиозност да се соочуваш, истиот Дух кој го подигна Христос од мртвите живее во тебе. И Тој не ти даде плашлив дух. 


Тоа не значи дека доколку се бориш со анксиозност, немаш доволно вера. Не значи дека не веруваш доволно во Бог. Всушност, што ако анксиозноста е нешто кое ќе ти помогне да научиш да се потпираш на Бог? Дали всушност анксиозноста може да послужи како катализатор за твоето приближување кон Бог? 


Анксиозноста станува подарок кога ни помага да станеме зависни од Бог. Тоа не значи дека престануваме да бараме помош или надеж. Значи дека знаеме дека потрагата по мир е процес. 


Па, дали е вистински можно да се живее без анксиозност? Да. Тоа не значи дека повеќе нема да има причини да бидеме анксиозни. Но поради Исус, можеме да живееме без анксиозност дури и кога има причина за анксиозност—не поради нашиот труд, туку поради неговото присуство. Погледнете ги овие стихови повторно:


За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога вашите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос. Филипјаните 4:6-7 


Дишеме во таа вистина. Често се фиксираме на зборот "мир", но збори за, “мирот Божји.” Вистинскиот мир се наоѓа само во присуство на Бог. Па што ако одговорот на анксиозноста не е помалку стрес туку повеќе Бог? 


Размислете: Како би можел почесто да го канам Божјиот мир и присуство во мојот живот? 


Се молиме: Господе, благодарам за Твоето константно присуство. Доаѓам пред тебе денес во потрага по мирот кој само ти можеш да ни го дадеш. Сакам повеќе од Тебе. Те канам во секој дел од мојот живот. Помогни ми да се потпрам на Тебе денес целосно и комплетно. Ти ги давам сите мои грижи и стравови. Помогни ми да живеам без анксиозност зависно од Тебе. Ти верувам. Ти давам се од себе. Во името на Исус, амин.  


Доколку се бориш со анксиозност, или анксиозни е некој што го сакаш, да знаеш дека има достапна помош и надеж. Научете повеќе за како изгледа анксиозноста, како може да се справите со неа, и како да помогнете на оние кои страдаат од истата. .


Ден 6

Опис за овој план

Anxious For Nothing

Што ако има подобар начин да се бориме против безконечните грижи кои те држат буден навечер? Вистинскиот одмор е достапен—можеби поблиску одколку што си замислуваш. Заменете ја паниката со мир преку овој 7-дневен Библиск...

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност