Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Без анксиозностПримерок

Anxious For Nothing

5 ДЕН ОД 7

Дали некогаш се чувствувате виновни затоа што сте Христијанин кон не е "без анксиозност"? Дали тоа што сте анксиозни додава на анксиозноста бидејќи сметате дека не би требало да се чувствувате така? Лори пловеше во тој брод додека не откри една работа која промени сè. 



Мојот брак беше во шаблон. Самостојно ја носев целата одговорност на рамења за подигање на 3 деца, од кои две тинејџери (помогни ми Господе!). Работа, готвење, чистење, кола, поправки, финансии, поддршка, љубовта, придонесот—беа оставени на мене. Мојата анксиозност ми беше преку глава, и не знаев што да направам околу тоа. 



Пробував сè што ќе ми падне на памет: советување, медитација, лекарства, музика, вежби, рецитирање Стихови, што сè не! Ништо не помагаше. Не ме разбирајте погрешно, дефинитивно беше од помош што ги правев овие работи. Научив како да ги користам алатките кои ми беа потребни за повторно да го поставам Христос во центарот на мојот живот. Но сепак се мачев. Кога ќе погледнам наназад, разбирам дека единственото нешто кое го немав пробано е да "не се обидувам".



Доколку пребарате низ Светото Писмо, ќе пронајдете еден тон стихови за грижа. Знам поради тоа што јас барав магична формула да ми помогне да се ослободам од неа еднаш за секогаш. Во текот на мојата потрага, најдов нешто неочекувано. Треба да обратите внимание за да го видите, но во овие стихови имаме инструкции од нашиот Татко да не правиме ништо. Да, сериозно—ништо.



Во Матеј 11:28 NIV, Исус рече, “Дојдете кај мене сите изморени и обременети и јас ќе ве успокојам.” Тој работи тука, не ние. Ние само треба да дојдеме кај Него.



Во Јован 14:27, Тој кажа, “Мир ви оставам; Мирот свој ви го давам ...” Дали ја чувствувате поентата? Тој ни дава мир. Тој ни дава одмор. Ние не правиме ништо.



Повторно во Матеј 6:25-34, овој познат пасус ни кажува да не се грижиме, бидејќи Бог дури "ја облекува тревата на полињата“, па колку повеќе би се грижел за нас? Кажано ни е "прво да го бараме неговото царство ... и сите овие нешта ќе ни бидат дадени". Тоа е вистината—разбирате? Дадени!



Бог дава. Тој ги има одговорите, и го чува нашиот грб. Некои работи едноставно не можеме да ги направиме самите, но тоа е начинот на кој сме створени. За ние да имаме потреба од Него.



Сите овие нешта за кои се грижев се средија, на еден или друг начин. Ова не се случи додека не земав воздух, се одморив, вистински дојдов кај Исус, се стишив, се ослободив од сите детали, му кажав на Господ дека му верувам комплетно—и научив да не правам ништо—дури тогаш конечно пронајдов мир. За крај, Моите молитви станаа помалку за мојата ситуација и повеќе за мојата доверба во Него. 



Доколку треба да го направиш истатото, те охрабрувам да побараш одмор во Него. Можеш да му веруваш Него. Еве за што се молам кога се чувствувам преоптоварено со анксиозност: 



Драг Господе,



Денес доаѓам пред тебе да побарам помош. Ти си моето сè. Господе, ми треба одмор. Ти ги давам моите грижи. Земи ги, Господе. Го прифаќам Твојот мир, Твојата љубов, и разбирање. Помогни ми да се свртам кон Тебе наместо према себе. Помогни ми да престанам да правам и да почнам да верувам. Помогни ми да ги чекам Твоите одговори, бидејќи знам дека тие се добри. Дај ми мудрост, надеж, и мир. Ти благодарам, Господе, за Твоето трпение и милост. Те сакам, и знам дека ти ме сакаш многу повеќе отколку што можам да замислам.



Амин.



-Лори


Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Anxious For Nothing

Што ако има подобар начин да се бориме против безконечните грижи кои те држат буден навечер? Вистинскиот одмор е достапен—можеби поблиску одколку што си замислуваш. Заменете ја паниката со мир преку овој 7-дневен Библиск...

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност