Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

6 ДЕН ОД 10

Солзите на скршено срце претставува дефиниција за оплакување, најчесто станува збор за сурово и неисцелено срце. Преку страдањето ги струга нерамните рабови, се тетерави и плаче за правда. Оплакувањето одбива плитки, спакувани и едноставни одговори. Бара жестока автентичност и не се плаши од неодговорени прашања. 



Оплакувањето е песна на душа полна со сомнежи.



Ние живееме во ера во која има тешки оплакувања. Не знаеме како да се справиме со тага и преферираме да не се соочуваме со проблемите. Ние сме најлекуваната нација од сите. Слики и приказни во кои има страдања не вознемируваат. Отапени сме од многу забава и дигитализацијата ни го одзема вниманието. Отруени сме од комфорт и кога маката ќе нѐ поттикне на некои насилни прашања за Бог и животот ние ги потиснуваме и ги прикриваме, но тоа не може да функционира долго време, исто како река која го оформува својот тек-може да одбегнуваме и да се обидеме да ја спречиме поплавата или да научиме како да живееме на вода.



Писмото е исполнето со мажи и жени кои го направија баш ова. Тие видоа што се случува околу нив, го нарекоа неправда и плачеа барајки од Бог да им објасни што прави. Давид извика, “До кога, Господе?” (Псалм 13:1). Еремија, преплавен од сведоштвата за угнетување, молеше за Божја интервенција. Јов беше во очај. Јаков се бореше. Мојсеј беше предизвикан. Авраам се сомневаше. Марија беше испрашувана. Исус плачеше.



Оплакувањето не е антитеза на верата, туку тоа е како верата изгледа кога жалиме. Колку повеќе веруваме со пасија во Божјата добрина, толку повеќе се противиме со пасија кога Неговата добрина е нејасна.



Заради тоа Исус плачеше на гробот на Неговиот пријател.



Во ред е да ја истакнеш твојата осаменост. Во ред е да изразиш жалење. Во ред е да бидеш и лут.



Во ред е да ги немаш сите одговори.



Бог сеуште доаѓа до нас, не прегрнува и плаче со нас. Тогаш, преку нашите солзи можеме да ги приметиме Светите раце на оној кој плаче. Неговото тело е скршено. Неговото лице е изобличено.



Ние сфаќаме дека и Тој исто така страдал.


Ден 5Ден 7

Опис за овој план

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доми...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Харпер Колинс што го овозможи овој план. За повеќе да информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://bit.ly/2Pn4Z0a

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност