Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

5 ДЕН ОД 10

Нашиот Бог не е Бог на празнината. Тој е Бог на сѐ што постои. На сѐ она што нас ни е познато и непознато. Сѐ е дизајнирано од Него. Запиши сѐ што може да ти текне од науката, вклучи ги прашањата што ги имаш за сѐ што ти е непознато и заокружи ги во еден огромен круг-тоа е Бог. Универзумот е комплициран, енигма е и полн со мистерија поради тоа што Тој така го создал, па ни го предал на нас.



Сите нешта се твои.



Бог е внатре, наоколу, над нас, под нас и над науката. Научните докази не го негираат постоењето на Бог исто како што Ајфон не го негира постоењето на Тим Кук. . . .



Ова е толку многу важно. Науката не го исклучува Бог, туку само ни докажува и покажува колку е Тој креативен и добар.



Но што ако наидеме на јасен конфликт помеѓу Божјиот Збор и Светот на Бог?



Погледни од близу. Истражи повеќе. Тестирај. Барај. Чекај. Учи. Читај. Прашувај прашања. Биди отворен да прифатиш дека твојата анализа за Светото Писмо (или Науката) се погрешни. Не ја напуштај твојата вера. Немој да се откажуваш од тоа што најмногу го сакаш поради она што најмалку го познаваш, и прифати го чудото во непознатото. Издржи ја тезијата од исчекувањето и прифати ја мистеријата.



Поради тоа што никој не знае дали мистеријата може да биде решена, па да откриеш дека воопште не станувало збор за конфликт како што си мислел. 


Ден 4Ден 6

Опис за овој план

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доми...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Харпер Колинс што го овозможи овој план. За повеќе да информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://bit.ly/2Pn4Z0a

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност