Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 19:13-22

Изреки 19:13-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Глупав син е пропаст за татко си, и жена кавгаџика е како незапирлива капка од стреа. Куќата и имотот се наследуваат од родителите, а разумна жена е дар од Господ. Мрзливоста тера во сон, а немарна душа трпи глад. Кој пази заповед, ја запазува ду­шата своја, а кој не се грижи за своите патишта, ќе загине. Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господ, и Тој ќе му плати за неговата добрина. Казни го синот свој, додека има надеж, и не се возбудувај од викањето негово. Гневниот нека трпи казна, зашто ако го пожалиш, ќе треба да го казниш уште повеќе. Слушај совет и примај поука, за да станеш потоа мудар. Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определената од Господ. Радост за човекот е неговата милостина; подобро да бидеш сиромав отколку лажливец.

Изреки 19:13-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Безумниот син е несреќа за својот татко, и женините препирки се постојано прокиснување. Куќата и богатството се наследуваат од татковците, а благоразумната жена е од Господа. Мрзливоста навлекува врз човекот длабок сон, и неработливата душа гладува. Кој се придржува до заповедта, го чува својот живот, а кој не внимава на своите патишта умира. На Господ му позајмува кој е милостив кон бедниот, и Тој ќе му го плати добротворството. Казнувај го својот син додека има надеж, и не се возбудувај од неговото викање. Кој е јаростен, ќе биде казнет, ако сакаш да му помогнеш ќе направиш полошо. Слушај совет и примај поука, за да станеш мудар во твоите последни денови. Има многу замисли во човековото срце, но што ќе науми Господ, тоа и ќе биде. Чест за човекот е неговото добротворство, и сиромавиот е подобар од лажливецот.