Безумниот син е несреќа за својот татко, и женините препирки се постојано прокиснување. Куќата и богатството се наследуваат од татковците, а благоразумната жена е од Господа. Мрзливоста навлекува врз човекот длабок сон, и неработливата душа гладува. Кој се придржува до заповедта, го чува својот живот, а кој не внимава на своите патишта умира. На Господ му позајмува кој е милостив кон бедниот, и Тој ќе му го плати добротворството. Казнувај го својот син додека има надеж, и не се возбудувај од неговото викање. Кој е јаростен, ќе биде казнет, ако сакаш да му помогнеш ќе направиш полошо. Слушај совет и примај поука, за да станеш мудар во твоите последни денови. Има многу замисли во човековото срце, но што ќе науми Господ, тоа и ќе биде. Чест за човекот е неговото добротворство, и сиромавиот е подобар од лажливецот.
Прочитај ПОСЛОВИЦИ 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПОСЛОВИЦИ 19:13-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа