Глупав син е пропаст за татко си, и жена кавгаџика е како незапирлива капка од стреа. Куќата и имотот се наследуваат од родителите, а разумна жена е дар од Господ. Мрзливоста тера во сон, а немарна душа трпи глад. Кој пази заповед, ја запазува душата своја, а кој не се грижи за своите патишта, ќе загине. Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господ, и Тој ќе му плати за неговата добрина. Казни го синот свој, додека има надеж, и не се возбудувај од викањето негово. Гневниот нека трпи казна, зашто ако го пожалиш, ќе треба да го казниш уште повеќе. Слушај совет и примај поука, за да станеш потоа мудар. Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определената од Господ. Радост за човекот е неговата милостина; подобро да бидеш сиромав отколку лажливец.
Прочитај Изреки 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 19:13-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа