Марко 6:7-13
Марко 6:7-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа ги повика Дванаесетте апостоли и ги испрати по двајца, давајќи им моќ да изгонуваат демонски духови. Им ги даде следниве упатства: „Патувајте само со стап во рацете. Не носете со себе ни храна, ни торба, ни пари. Носете сандали, но не и резервна облека. Кога ќе ве прими некое семејство, останете кај него сe додека не си заминете од тој град. Ако некое место не сака да ве прими и да ве слуша, одете си оттаму и истресете им го и правот од сандалите, како знак на осуда за нив.“ Тогаш апостолите заминаа и им проповедаа на луѓето да Му се вратат на Бог. Изгонуваа многу демонски духови и исцелуваа голем број болни, премачкувајќи ги со маслиново масло.
Марко 6:7-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И ги повика дванаесетте, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови. Па им заповеда да не земаат ништо за по пат освен по еден стап; ни торба, ни леб, ни пари во појасот. Но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки. И им рече: „Ако влезете негде во куќа, останете во неа, сѐ додека не си отидете оттаму. А ако негде не ве примат, ниту ве послушаат, штом излезете оттаму, истресете го правот од нозете свои, ним за сведоштво.“ Тие појдоа и проповедаа покајание. Изгонуваа многу нечисти духови, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа.
Марко 6:7-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ги повика Два-наесетмината; почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови. И им заповеда да не носат ништо за по пат освен еден стап: ни леб, ни торба, ни пари во појасот, туку да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки. И им рече: „Каде и да влезете во куќа, останете таму, додека не излезете оттаму. А ако не ве примат и не ве послушаат, излезете оттаму и истресете го правот од своите нозе, ним за сведоштво!“ И излегоа и проповедаа дека луѓето треба да се покајат. И изгонуваа многу демони, и многу болни помазуваа со масло и ги оздравуваа.