Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 6

6
Исус отфрлен во Назарет
(Мт 13,53-58; Лк 4,16-30)
1Па излезе оттаму и дојде во Својот крај; а по Него одеа и учениците Негови. 2#1,22; Лк 6,6; Јн 7,15И кога дојде саботата, Тој почна да поучува во синагогата и мнозина, што слушаа, се чудеа и говореа: „Од каде во Него ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чуда стануваат преку Неговите раце? 3#3,31; Мт 12,46; Јн 6,42Не е ли Тој дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јаков, Јосија, Јуда и Си­мон? И не се ли овде меѓу нас сестрите Негови?“ И се соблазнија заради Него. 4#Јн 4,44А Исус им рече: „Пророкот никаде не е без почест, освен во својата земја, меѓу роднините и во својот дом.“ 5#2,5; Лк 4,40И не можеше тука да изврши никакво чудо; освен што излекува малку бол­ни, полагајќи ги рацете врз нив.
Исус ги испраќа Своите дванаесет ученици
(Мт 10,5-15; Лк 9,1-6)
6И се чудеше на нивното неверие. Па одеше по околните села и поучуваше. 7#3,14-15; Лк 10,1И ги повика дванаесетте, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови. 8#Лк 10,4Па им заповеда да не земаат ништо за по пат освен по еден стап; ни торба, ни леб, ни пари во појасот. 9Но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки. 10#Лк 10,7И им рече: „Ако влезете негде во куќа, останете во неа, сѐ додека не си отидете оттаму. 11#Мт 10,14.18А ако негде не ве примат, ниту ве послушаат, штом излезете оттаму, ис­тресете го правот од нозете свои, ним за сведоштво.“ 12#Мт 3,2Тие појдоа и проповедаа по­кајание. 13#Мт 14,14; Јк 5,14-15Изгонуваа многу нечисти духови, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа.
Ирод и Исус
(Мт 14,1-2; Лк 9,7-9)
14 # Мт 16,14 И цар Ирод разбра за Исус, зашто името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чуда преку него.“ 15#Мал 3,23; Мт 21,11Едни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од проро­ци­те.“ 16А Ирод, штом чу рече: „Тоа е Јо­ван, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“
Смртта на Јован Крстител
(Мт 14,3-12; Лк 3,19-20)
17 # Лк 3,19-20 Бидејќи сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, за­ра­ди Иродијада, жената на брат му Фи­лип, зашто се ожени со неа. 18#3 Мојс 18,16; 20,21Бидејќи Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“ 19А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше. 20Зашто Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека е тој човек праведен и свет и го пазеше; многу беше збунет додека го слушаше, а со задоволство го слу­ша­ше. 21#1 Мојс 40,20И настана погоден ден кога Ирод, по повод својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и ста­решини Галилејски; 22и влезе ќерката на Иродијада, иг­ра­ше и им угоди на гостите и на Ирод. То­гаш царот ѝ рече на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“ 23#Ест 5,3.6; 7,2И ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.“ 24А таа излезе и ја праша мајка си: „Што да побарам?“ Таа ѝ одговори: „Главата на Јован Крстител!“ 25И таа веднаш влезе кај царот и по­бара, говорејќи: „Сакам уште сега да ми ја дадеш на чинија главата на Јован ­Крстител!“ 26Царот се загрижи, но заради ветувањето и гостите свои не сакаше да от­каже. 27И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова. 28А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на чинија, па ѝ ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си. 29#Мт 27,59-60Кога неговите ученици разбраа, дојдоа и го зедоа телото негово и го погребаа.
Исус нахранува пет илјади души
(Мт 14,13-21; Лк 9,10-17; Јн 6,1-14)
30 # Лк 6,13; 10,17 И се собраа апостолите кај Исус, па Го известија за сѐ што направиле и по­учувале. 31#2 Мојс 16; 5 Мојс 8,3.16; Пс 78,24-25.29; 105,40; 1 Кор 10,3#2,2; 3,20А Тој им рече: „Дојдете и вие во осамено место и одморете се малку.“ Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа кога ни да јадат. 32И отидоа со кораб сами во осамено место. 33И ги виде народот кога си одеа; и Го познаа мнозина, па пеш од сите гра­дови тргнаа таму; и ги испреварија (и се собраа околу Него). 34#4 Мојс 27,17; 1 Цар 22,17; Ез 34,5.15.23; 37,24; Зах 10,2; Пс 23,1; 77,20; 2 Цар 18,16; Мт 9,36А Исус, кога излезе, виде многу на­род и се смилува над нив, зашто беа ка­ко овци без пастир; и почна да ги поу­чу­ва многу. 35#8,1-9И бидејќи веќе времето поизмина, учениците Негови пристапија кон Него и рекоа: „Овде е местово пусто, а и доцна е; 36распушти ги за да отидат по околните села и колиби и да си купат леб, зашто нема што да јадат.“ 37Тој им одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Да пој­деме и да купиме за двесте денарии леб, па да им дадеме да јадат?“ 38Потоа Тој ги праша: „Колку лебови имате? Отидете и видете!“ И кога видоа рекоа: „Пет леба и две риби.“ 39Тогаш Исус им рече на сите да по­седнат на купчиња по зелената трева. 40И поседнаа во групи по сто и по пе­десет. 41#Мт 14,19; Лк 9,16; 22,19; 24,30Тој ги зеде петте леба и двете риби, па, погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете ри­би на сите. 42#Ис 25,6-8; 55,1-2; Мт 8,11И јадеа сите и се наситија. 43#8,19И собраа парчиња, од лебот и од ри­бите, полни дванаесет кошеви. 44А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
Исус чекори по вода
(Мт 14,22-33; Јн 6,15-21)
45И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат по­рано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Тој не го распушти на­ро­дот. 46#1,35; 3,13; Лк 6,12; 9,28; Јн 6,15А Тој, одделувајќи се од нив, отиде во гората за да се помоли. 47Приквечер коработ беше сред мо­рето, а Тој сам на копното. 48#2 Мојс 33,19.22; 34,6; Пс 77,19; Јов 9,8И ги виде како се мачат при пло­ве­њето, зашто ветрот им беше спротивен; а околу четвртата ноќна стража#6,48 четвртата ноќна стража т.е. рано наутро, меѓу 4 и 6 часот. се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив. 49#Лк 24,37А тие, кога го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, и почнаа да викаат; 50#16,6; 2 Мојс 3,14; 5 Мојс 32,39; Ис 41,4; 43,10; Јн 8,24.28.58зашто сите Го видоа и се уплашија. Тој веднаш почна да говори со нив и им рече: „Не плашете се! Јас сум, не бојте се!“ 51#4,39; Мт 14,32И влезе кај нив во коработ и ветрот стивна. А тие многу се уплашија и се чудеа во себе. 52#3,5; 4,13; 8,17; Мт 16,9Зашто не се вразумија (од чудото) со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето. 53И кога преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска и се задржаа таму. 54А штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа. 55#Дела 5,15#1,32Брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на носилки да носат болни таму, каде што слушаа дека Тој се наоѓа. 56#5,27-28; Лк 6,19; 8,44И каде да влегуваше: во села, во градови или населби – на крстопатите полагаа болни и Го молеа да се допрат барем до полата од облеката Негова. И сите што се допираа до Него, оздравуваа.

Селектирано:

Марко 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност