Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 2:25-35

Лука 2:25-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Во тоа време, во Ерусалим живееше еден човек по име Симон. Тој беше добар и богобојазлив, исполнет со Светиот Дух, и Го очекуваше Месијата Кој ќе го избави Израел. Симон беше добил уверување од Светиот Дух дека нема да умре додека не Го види Месијата, ветен од Господ. Поттикнат од Светиот Дух, Симон дојде во храмот токму кога родителите Го донесоа Детето Исус, за да Го посветат, согласно со она што беше пропишано со Мојсеевиот Закон. Симон Го зеде Детето в раце и упати благодарност кон Бог, велејќи: „Господе, сега можам спокојно да умрам зашто Ти го одржа Своето ветување. Моите очи Го видоа Спасителот, Кого Ти Го испрати за сите народи. Тој е Светлина што на народите ќе им го открие Бога и ќе Му донесе слава на Твојот народ, Израел!“ А Јосиф и Марија се восхитуваа од овие зборови искажани за Исус. Тогаш Симон ги благослови, и и рече на Марија, мајката на Детето: „Ова Детенце е избрано од Господ да собори и да подигне мнозина во Израел; ќе биде знак против кој луѓето ќе зборуваат, откривајќи ги така своите тајни мисли. А тебе, тагата како меч ќе ти ја прободе душата.“

Лука 2:25-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја оче­куваше утехата Израелова; и Светиот Дух беше на него. Нему Светиот Дух му беше про­ре­кол дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Господов. И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа детето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според За­ко­нот, тој Го зеде во своите раце, Го бла­гослови Бога и рече: „Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој, зашто очите мои го видоа спасение­то Твое што си го приготвил пред лицето на сите народи; светлина за просвета на нез­на­бош­ците и слава на Твојот народ, Израел.“ А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него. Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израел, и е знак против Ко­го ќе се говори. А и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“

Лука 2:25-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

И ете, во Ерусалим живееше човек по име Симеон, и тоа човек праведен и благочестив, кој ја чекаше Израелевата утеха; и Светиот Дух беше над него. Нему Светиот Дух му прорече дека нема да види смрт, додека не Го види Христа Господов. И вдахновен од Светиот Дух дојде во Храмот; и кога родителите Го внесоа Детенцето Исус, за да го извршат врз Него обичајот на Законот, Го зеде на своите раце, Го благослови Бога и рече: ”Сега, Господару, отпушти го Својот служител со мир, според Твојот збор, зашто моите очи го видоа Твоето спасение, кое го приготви пред лицето на сите луѓе, светлина за осветлување на народите и слава на Твојот народ Израел.” А Јосиф и мајка Му се чудеа на она, што зборуваше за Него. И Симеон ги благослови и и рече на Неговата мајка Марија: „Гледај! Овој е поставен за паѓање и подигање на мнозина во Израел, и знак на кој ќе му се противат, а на самата Тебе мечот ќе ти ја прободе душата - за да се откријат мислите на многу срца.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност