Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 2

2
Исусовото раѓање
1Во тоа време излезе заповед од царот Август за попис на сите жи­те­ли. 2Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј со Сирија. 3И отидоа сите да се запишат, секој во својот град. 4#1,27; 1 Сам 16,1-13; Мих 5,1; Мт 2,1Па така и Јосиф, бидејќи беше од Галилеја, од градот Назарет, отиде во Јудеја, во градот Давидов, наречен Вит­леем, бидејќи беше од домот и племето Давидово, 5#Мт 1,18.20; Мк 6,3за да се запише со Марија, неговата свршеница, која беше тешка. 6А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди. 7#2 Мојс 13,2.12.15; Мт 1,25; Рим 8,29; Кол 1,15; Откр 1,5Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив не­маше место во гостилницата. 8Во тој крај имаше пастири, кои но­ќеваа таму и го чуваа своето стадо. 9#24,26; Мт 1,20; Дела 12,7; 26,13И одеднаш им пристапи ангел Господов и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу. 10#1,12-14А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; 11#1,47; 1 Сам 24,7; Ис 9,5; 45,1; Пс 27,1.9; 62,2.7; Дела 2,36; Фил 3,20; 2 Тим 1,10; 2 Птр 1,1.11; 1 Јн 4,14зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. 12#1,18; 2 Цар 19,29; Ис 7,14; 38,7Ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.“ 13#1 Цар 22,19; Пс 148,2И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: 14#3,22; 19,38; Ез 3,12; Пс 148,1; Мт 21,9; Ефес 2,14-17„Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“ 15Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: „Да појдеме во Витлеем и да го видиме претскажаниот настан што ни го соопшти Господ.“ 16#Ис 1,3И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосиф со Младенецот кој лежеше во јасли. 17А штом го видоа, соопштија за претскажувањето што им беше речено за Тоа Дете. 18И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите. 19#2,51А Марија ги зачува сите тие зборови, сложувајќи ги во срцето свое. 20#5,25-26; Дела 3,8-9И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено. 21#1,31.59; 1 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Мт 1,21А кога се навршија осум дена и Де­тето требаше да Го обрезат, Му дадоа име Исус, како што беше наречено од ангелот уште пред да биде зачнат во ут­робата.
Исусовото претставување во храмот
22 # 3 Мојс 12,2-8 И кога се навршија деновите за нив­ното очистување, според законот на Мојсеј, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господ, 23#2 Мојс 13,2.12.15; 34,20; 4 Мојс 18,15-16како што е напишано во Законот Господов дека секое првородено машко дете треба да Му се посвети на Господ; 24#3 Мојс 5,7; 12,8и да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов, две гугутки или две гулапчиња. 25#4 Мојс 11,17; Ис 11,2; 40,1; 42,1; 61,1-2; Ез 11,5А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја оче­куваше утехата Израелова; и Светиот Дух беше на него. 26#1 Сам 24,7.11; 2 Сам 1,14.16; Пс 89,48Нему Светиот Дух му беше про­ре­кол дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Господов. 27И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа детето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според За­ко­нот, 28#2,20тој Го зеде во своите раце, Го бла­гослови Бога и рече: 29#1 Мојс 46,30„Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој, 30#3,6; Ис 46,13; 52,10; Пс 98,3; Тит 2,11зашто очите мои го видоа спасение­то Твое 31#Пс 52,8што си го приготвил пред лицето на сите народи; 32#Ис 42,6; 46,13; Јн 8,12; Дела 13,47светлина за просвета на нез­на­бош­ците и слава на Твојот народ, Израел.“
Претскажувањето на Симеон
33А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него. 34#7,23; 12,51-53; Ис 8,14; Ер 15,10; 1 Кор 1,23; 1 Птр 2,8Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израел, и е знак против Ко­го ќе се говори. 35#16,15; Мк 7,6-8; Јн 19,25-27; Дела 1,24; 15,8А и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“
Пророчицата Ана
36 # Ис.Н. 19,24 Таму беше и пророчицата Ана, ќер­ката Фануилова, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое. 37Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години. Не се оддале­чу­ва­ше од храмот и Му служеше на Бога со пост и молитва, дење и ноќе. 38#2,20; Ис 52,9Во тој час пристапи и таа и почна да Го слави Господ и им прикажуваше за Него на сите што очекуваа избавување на Ерусалим.
Враќањето во Назарет
39 # Мт 2,23 И кога извршија сѐ по Законот Гос­подов, се вратија во Галилеја, во градот свој Назарет. 40#1,80; 2,52; 11,31; Суд 13,24; 1 Сам 2,26А Детето растеше и крепнеше со ду­хот, исполнувајќи се со мудрост; и благодатта Божја беше врз Него.
Дванаесетгодишниот Исус во храмот
41 # 22,1.7-15; 2 Мојс 12,24-27; 23,15; 5 Мојс 16,1-8.16; Јн 2,13.23 И секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха. 42А кога Тој беше на дванаесет години, тие отидоа во Ерусалим, според оби­чајот за празникот. 43Но, кога се завршија празничните денови, додека се враќаа дома, детето Исус остана во Ерусалим; а Неговите родители не го забележаа тоа. 44Мислејќи дека е Тој меѓу сопатни­ците, изминаа еден ден пат и почнаа да Го бараат меѓу роднините и познатите. 45Па, бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат. 46По три дни Го најдоа во храмот ка­ко седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува; 47#4,22; Јн 7,15.46сите што Го слушаа, беа восхитени од Неговата остроумност и од Неговите одговори! 48#Мк 3,31-32Кога Го видоа, се зачудија; и Не­го­вата мајка Му рече: „Синко, зошто ни направи така? Ете, татко ти и јас се измачивме, барајќи Те.“ 49#Пс 27,4; Јн 2,16А Тој рече: „Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она коешто е на Мојот Татко?“ 50Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа Тој. 51#2,19И Тој слезе со нив, па дојде во На­зарет и им беше послушен. А мајка Му ги зачува сите тие настани во срцето свое. 52#1,80; 2,40; 1 Сам 2,26; Изреки 3,4Исус, пак, напредуваше во мудроста и возраста и во милост кај Бога и кај луѓето.

Селектирано:

Лука 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност