Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 2:25-35

Лука 2:25-35 MKB

И ете, во Ерусалим живееше човек по име Симеон, и тоа човек праведен и благочестив, кој ја чекаше Израелевата утеха; и Светиот Дух беше над него. Нему Светиот Дух му прорече дека нема да види смрт, додека не Го види Христа Господов. И вдахновен од Светиот Дух дојде во Храмот; и кога родителите Го внесоа Детенцето Исус, за да го извршат врз Него обичајот на Законот, Го зеде на своите раце, Го благослови Бога и рече: ”Сега, Господару, отпушти го Својот служител со мир, според Твојот збор, зашто моите очи го видоа Твоето спасение, кое го приготви пред лицето на сите луѓе, светлина за осветлување на народите и слава на Твојот народ Израел.” А Јосиф и мајка Му се чудеа на она, што зборуваше за Него. И Симеон ги благослови и и рече на Неговата мајка Марија: „Гледај! Овој е поставен за паѓање и подигање на мнозина во Израел, и знак на кој ќе му се противат, а на самата Тебе мечот ќе ти ја прободе душата - за да се откријат мислите на многу срца.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 2:25-35

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност