Лука 11:24-28
Лука 11:24-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Кога еден зол дух ќе излезе од човекот, тој скита по запустени места во потрага по спокојство, кое не го наоѓа. Тогаш ќе си рече: ,Да се вратам јас во моето претходно живеалиште!‘ При враќањето забележува дека неговиот поранешен дом е исчистен и уреден, па оди и доведува уште седум духови, полоши од себе, со кои се враќа и се населува таму, така што состојбата на човекот сега му е уште полоша од претходната!“ Додека Исус го кажуваше ова, од народот се огласи една жена, и рече: „Благословена е жената што Те родила и одгледала!“ Тој и одговори: „Уште поблагословени се оние што ја слушаат Божјата порака и ја спроведуваат во дело!“
Лука 11:24-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога нечист дух ќе излезе од човека, тој оди преку безводни места и бара спокојство; и не наоѓајќи, вели: ‚Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов.‘ Па, штом дојде, го наоѓа изметен и среден. Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и кога ќе влезат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.“ И додека го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата што Те носела, и градите од кои си се хранел!“ А Тој рече: „Навистина, блажени се оние што го слушаат словото Божјо и го чуваат.“
Лука 11:24-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога нечист дух ќе излезе од човекот, тој скита по безводни места и бара спокојство. И кога не ќе го најде, вели: ‘Ќе се вратам во својот дом, од каде излегов.’ И кога ќе дојде, го наоѓа изметен и среден. Тогаш оди и зема седум други демони, полоши од себе, па кога ќе влезат - живеат таму и последната состојба на оној човек станува полоша од првата.“ А кога го зборуваше тоа, една жена од множеството извика: „Блажена е утробата, која Те носела; и градите од кои си се хранел.“ А Тој рече: „Уште по-веќе се блажени оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.“