Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 11

11
Исус и молитвата
(Мт 6,9-13)
1 # 3,21; Мт 14,23 Еднаш беше Тој на едно место и се молеше. Кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Гос­по­ди, научи нѐ да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.“ 2#23,34.46А Тој им рече: „Кога се молите, го­во­рете: ‚Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое#11,2 Во некои ракописи кон овој стих е додадено: „Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата.“ 3#Изреки 30,8лебот наш насушен дај ни го денес; 4#Мт 18,24-27.35; 26,28.41; Мк 11,25и прости ни ги нашите гревови, заш­то и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник; и не воведувај нѐ во искушение#11,4 Во некои ракописи кон овој стих е додадено: „но избави нѐ од лукавиот!“.‘“
Парабола за пријателот
5И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ‚Пријателе, дај ми на заем три леба; 6зашто ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам.‘ 7И ако оној одвнатре му одговори и рече: ‚Не ме обеспокојувај; портата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти да­дам‘, 8#18,5ви велам дека, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, сепак ќе стане заради неговата настојчивост и ќе му даде колку што му треба.
Секој што ќе побара ќе му биде дадено
(Мт 7,7-11)
9 # Ер 29,12-13 # Мк 11,24; Јн 14,13; 15,7; 16,24; Јк 1,5-7; 1 Јн 5,14-15 И Јас ви велам: Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. 10Зашто секој што моли – добива, а кој бара – наоѓа, и на оној што чука – ќе му се отвори. 11И кој татко меѓу вас, ако синот му побара риба, ќе му даде змија место ри­ба? 12Или, ако побара јајце, ќе му даде скорпија? 13Па така, значи, ако вие, кои сте ло­ши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?“
Исус се брани од обвинувањето
(Мт 9,32-34; 12,22-30; Мк 3,20-27)
14Еднаш истера Тој еден демон, кој беше нем, и кога демонот излезе, не­миот проговори; и народот почна да се восхитува. 15#Мт 9,34; 10,25Тогаш некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува демоните преку Велзевул, началникот на демоните.“ 16#20,4; Мт 16,1-4; 12,38; Мк 8,11; Јн 2,18; 1 Кор 1,22А други, испитувајќи Го, Му бараа знак од небото. 17Но Тој, знаејќи ги нивните помисли им рече: „Секое царство ако е поделено само против себе, запустува, и дом кој е поделен сам против себе, пропаѓа. 18И, ако и сатаната се поделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Зашто велите дека Јас со Велзевул ги истерувам злите духови. 19И, ако Јас, пак, со Велзевул ги ис­те­рувам злите духови, тогаш синовите ва­ши со кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии. 20#17,21; 2 Мојс 8,15; Пс 8,3Ако Јас, пак, со прст Божји ги из­го­нувам демоните, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. 21#Ис 49,24Кога силен, вооружен човек, го чу­ва својот двор, тогаш имотот негов е во безопасност. 22#3,16; Ис 49,25; 53,12Но, ако некој посилен од него го нападне и победи, тој ќе му го земе сето оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде. 23#9,50; Мт 12,30; Мк 9,40Кој не е со Мене, тој е против Ме­не; и кој не собира со Мене, тој растура.
Враќање на лошиот дух
(Мт 12,43-45)
24 # 8,29 Кога нечист дух ќе излезе од чо­ве­ка, тој оди преку безводни места и бара спокојство; и не наоѓајќи, вели: ‚Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов.‘ 25Па, штом дојде, го наоѓа изметен и среден. 26#8,2; Јн 5,14; 2 Птр 2,20Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и кога ќе вле­зат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.“
За вистинското блаженство
27 # 1,31.42.48; Мт 5,3; Јн 13,17; 14,23; Јк 1,25 И додека го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата што Те носела, и градите од кои си се хранел!“ 28#8,21; 5 Мојс 30,14; Јн 15,14; Откр 1,3А Тој рече: „Навистина, ­бла­же­ни се оние што го слушаат словото Бож­јо и го чуваат.“
Знакот на Синот Човечки
(Мт 12,38-42)
29 # 7,22; Јона 3,4-5; Мт 16,4; 1 Кор 1,22 А на народот, што се собираше, почна да му зборува: „Овој род е зол род; бара знаци, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона; 30#Мт 8,20зашто, како што Јона беше знак за Ниневјаните, така и Синот Човечки ќе биде за овој род. 31#2,40.52; 21,15; 1 Цар 3; 5,9-14; 10,1-10; 2 Лет 9,1-12Јужната царица ќе стане на Су­дот со луѓето од овој род и ќе ги осуди, зашто таа дојде од крај земја да ја чуе мудроста на Соломон; а ете, тука е поголем од Соломон. 32#3,3; Јона 3,5.8.10И Ниневјаните ќе станат на Судот со луѓето од овој род и ќе ги осудат, зашто тие се покајаа на проповедта на Јона; а ете, тука поголем од Јона.
Светило на телото
(Мт 5,15; 6,22-23)
33 # 8,16; Мк 4,21 Никој, пак, не става запалено светило на сокриено место, ниту под покло­пец, туку на свеќник, за да можат да ја гледаат светлината оние што влегуваат. 34Твоето око е светило на твоето те­ло. Ако твоето око е здраво и чисто, и целото твое тело ќе биде светло; а ако биде лошо, и твоето тело ќе биде тем­но; 35затоа внимавај светлината што е во тебе да не е темнина. 36Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде така светло, како кога светило те осветлува со својот сјај.“
Исус ги обвинува фарисеите и познавачите на законот
(Мт 23,1-36; Мк 12,38-40)
37 # 7,36; 14,1 И кога зборуваше Тој, еден фарисеј Го помоли да руча кај Него. Тој отиде и седна на трпеза. 38#Мт 15,2; Мк 7,2.5И фарисејот се зачуди кога виде де­ка Тој не си ги изми рацете пред јадење. 39#Кол 2,21Но Господ му рече: „Ете, вие фари­се­ите ја миете чашата и чинијата однадвор, а внатрешноста ви е полна со гра­беж и лукавство. 40Безумници! Оној што го направи надворешното, нели е истиот тој што го направи и внатрешното? 41#6,30; 12,33; 16,9; 21,1-4; Дела 9,36; 10,2.4.31; Тит 1,15Но, давајте го како милостина она што е внатре, тогаш сѐ ќе ви биде чис­то. 42#3 Мојс 27,30; 5 Мојс 14,22-23; Мих 6,8; Мт 23,23-24; Јн 5,42Но, тешко вам, фарисеи, зашто да­вате десеток од нане и рута, и од се­ка­ков зеленчук, а ги занемарувате правдата и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го пропушти­те. 43#20,46Тешко вам, фарисеи! Зашто сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите! 44Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто сте како сокриени гро­бови, преку кои луѓето одат и не ги знаат.“ 45#7,30Одговори некој од закониците и Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.“ 46#Мт 11,28Но Тој рече: „Тешко вам, законици, што ги товарите лу­ѓе­то со тешки товари што не можат да ги поднесат, а вие сами ни со еден прст не сте ги допреле тие товари. 47Тешко вам, што им ѕидате гробници на пророците, а нив ги убија вашите татковци; 48со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија пророците, а вие им ѕидате гробници. 49#6,23; 7,35; 1 Кор 1,24; Кол 2,3Затоа и мудроста Божја рече: ‚Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги про­гонат‘; 50#1 Мојс 9,5; 42,22; 2 Сам 4,11; 2 Цар 9,7; Ез 33,6.8за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот; 51#1 Мојс 4,8.10; Зах 1,1; 2 Лет 24,20-21од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род. 52#Мт 23,13Тешко вам, законици, зашто го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакат да влезат им попречивте.“ 53А кога го зборуваше тоа, книж­ни­ците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го прашуваат мно­гу работи; 54#20,20; Мт 16,1Го напаѓаа, сакајќи да уловат неш­то од Неговата уста за да Го обвинат.

Селектирано:

Лука 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност