Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 11:14-23

Лука 11:14-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Еднаш Исус истера демонски дух од еден нем човек и кога демонскиот дух излезе, човекот проговори. Народот беше восхитен, но некои луѓе зборуваа: „Тој ги изгонува демоните бидејќи Баалзибул - поглаварот на демонските духови е во Него!“ Други, пак, со цел да Го доведат во незгода, Му бараа знак од небото, но Тој, знаејќи ги нивните мисли, им рече: „Ниедно царство не може да се одржи доколку во него има раздор. Семејството се распаѓа ако во него има неслога. Ако Сатаната е противник самиот на себе - бидејќи вие тврдите дека Јас изгонувам демони со помош на Баалзибул - како може неговото царство да се одржува? Ако Јас изгонувам демонски духови со помош на Баалзибул, тогаш, кажете ми, со чија помош ги изгонуваат оние што го прават тоа од вашиот сопствен род? Затоа тие ќе ви судат! Ако, пак, Јас изгонувам демони со помош на Божјата сила, тогаш тоа е доказ дека Божјото царство е дојдено кај вас! Кога силниот, целосно вооружен, го чува својот дом, имотот му е безбеден. Но, кога некој посилен од него ќе го нападне и совлада, тој му го одзема оружјето во кое се надевал и му го зема пленот. Кој не е со Мене - тој е против Мене! Кој со Мене не собира - тој растура!“

Лука 11:14-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Еднаш истера Тој еден демон, кој беше нем, и кога демонот излезе, не­миот проговори; и народот почна да се восхитува. Тогаш некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува демоните преку Велзевул, началникот на демоните.“ А други, испитувајќи Го, Му бараа знак од небото. Но Тој, знаејќи ги нивните помисли им рече: „Секое царство ако е поделено само против себе, запустува, и дом кој е поделен сам против себе, пропаѓа. И, ако и сатаната се поделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Зашто велите дека Јас со Велзевул ги истерувам злите духови. И, ако Јас, пак, со Велзевул ги ис­те­рувам злите духови, тогаш синовите ва­ши со кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии. Ако Јас, пак, со прст Божји ги из­го­нувам демоните, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. Кога силен, вооружен човек, го чу­ва својот двор, тогаш имотот негов е во безопасност. Но, ако некој посилен од него го нападне и победи, тој ќе му го земе сето оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде. Кој не е со Мене, тој е против Ме­не; и кој не собира со Мене, тој растура.

Лука 11:14-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И еднаш истеруваше лош дух, кој беше нем. А кога нечистиот дух излезе, немиот проговори, а множеството се зачуди. А некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува нечистите духови со помош на Велзевул, началникот на бесовите. Другите пак го искушуваа и бараа од Него знак од небото. А Тој ги знаеше нивните мисли и им рече: „Секое царство, ако се раздели во себеси, ќе запусти, и домот против дом - паѓа. И ако сатаната се разделил против себеси, како ќе се одржи неговото царство? Зашто вие велите дека ги изгонувам демоните со помош на Велзевула, И ако Јас, пак, ги изгонувам демоните преку Вел-зевула, со чија помош ги изгонуваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии. Но ако Јас ги изгонувам нечистите духови со Божјиот прст, значи дека Божјото Царство дошло при вас. Кога силниот, вооружен човек, го чува својот двор, неговиот имот е во сигурност. Но кога ќе дојде посилен од него и го совлада, му го одзема оружјето, на кое се надевал, и ќе го раздели ограбеното од него. Кој не е со Мене, тој е против Мене и кој не собира со Мене, тој растура!