Лука 11:1-4
Лука 11:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еднаш, Исус се молеше на едно место, па кога заврши, еден од Неговите ученици Му рече: „Господе, научи нe и нас како да се молиме, како што Јован Крстител ги научи своите ученици.“ Исус им рече: „Кога се молите, молете се вака: Небесен Татко: нека се почитува Твоето свето име, нека дојде Твоето Царство. Давај ни ја секојдневно храната што ни е потребна. Простувај ни ги гревовите, како што и ние им ги простуваме на нашите должници. Не оставај да им потклекнеме на искушенијата.“
Лука 11:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еднаш беше Тој на едно место и се молеше. Кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нѐ да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.“ А Тој им рече: „Кога се молите, говорете: ‚Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник; и не воведувај нѐ во искушение.‘“
Лука 11:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога се молеше на едно место и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нѐ да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!“ А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата, да се свети Твоето име! Да дојде Твоето Царство! Да биде Твојата волја како на небото, така и на земјата! Нашиот насушен леб, давај ни го секој ден! Прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој должник! И не нѐ воведувај во искушение, но избави не од злото!“