Лука 10:27-29
Лука 10:27-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Човекот одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сите свои сили и со сиот свој разум“, и „Сакај го својот ближен како себеси“. „Токму така!“ - му одговори Исус. „Прави го тоа и ќе живееш.“ Но учителот на Законот сакаше да се оправда, па продолжи да Го прашува Исуса: „А кој е мојот ближен?“
Лука 10:27-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!“ Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.“ Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: „А кој е мој ближен?“
Лука 10:27-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А тој одговори и рече: „Љуби Го Господа, својот Бог - со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила и со сиот свој ум; и својот ближен како себеси!“ Му рече: „Право одговори! Прави го тоа и ќе живееш!“ Но тој, сакајќи да се оправда, Го праша Исуса: „А кој е мој ближен?“