Јаков 3:1-2
Јаков 3:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги пријатели, не треба сите да настојуваме да станеме учители во Црквата. Всушност, ние, учителите, ќе бидеме судени построго од другите луѓе. Сите ние грешиме во многу работи, но ако умееме да си го зауздаме јазикот, тогаш сме зрели луѓе, па ќе можеме да го зауздаме и целото тело.
Сподели
Прочитај Јаков 3Јаков 3:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не барајте, браќа мои, мнозина да станете учители, зашто знаете дека поголемо осудување ќе добиеме. Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело.
Сподели
Прочитај Јаков 3Јаков 3:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не бидете, браќа мои, мнозина од вас учители, зашто знаеме дека ќе бидеме построго осудени за тоа. Зашто сите ние грешиме многу. Ако некој не греши во зборувањето, тој е совршен човек, способен да го заузда и целото свое тело.
Сподели
Прочитај Јаков 3