Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 3

3
Внимавај на јазикот
1 # Рим 12,7; 1 Кор 12,28-29; Ефес 4,11 Не барајте, браќа мои, мнозина да станете учители, зашто знаете дека поголемо осудување ќе добиеме. 2#1,4Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело. 3#Пс 32,9Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно те­ло. 4Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака; 5а така и јазикот е мал орган, но го­леми работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува; 6#Мт 5,22; 12,36-37; 15,11.18-19и јазикот е оган, свет полн со не­правда; јазикот се наоѓа во таква по­ложба меѓу нашите органи, што го ос­квернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот. 7Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род, 8#Пс 140,3; Рим 3,13а јазикот никој не може да го скро­ти: тој е немирно зло и полн со смрто­носен отров. 9#1 Мојс 1,26-27; 5,1; 1 Кор 11,7Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо. 10Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде. 11А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода? 12Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Та­ка, од еден ист извор не може да тече солена и слатка вода.
Мудроста озгора и земната мудрост
13Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост. 14Но, ако во срцата свои имате гор­члива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината: 15#1,5.17; 1 Кор 2,14тоа не е мудрост која доаѓа озгора, туку земна, душевна, бесовска; 16зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и сѐ е лошо. 17#2,13; Мт 5,7.9; Гал 5,22-25; Евр 12,11; 1 Птр 3,4; 3,10-11.16А мудроста, што иде озгора, е најнапред чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри пло­до­ви, непристрасна и нелицемерна. 18#Ис 32,17; Мт 5,9; Евр 12,11Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците.

Селектирано:

Јаков 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност